Василија ШарацДоцент д-р Василија Шарац е родена на 24 јули 1972 година во Скопје, Р. Македонија. Додипломски студии завршува на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот од октомври 1990 г. до мај 1995 г., на насоката „Индустриска електроенергетика и автоматизација“ со просечна оцена 8,31. Постдипломски студии завршува на истиот факултет во периодот од октомври 1995 г. до мај 1999 г., со просечна оцена 10 и се стекнува со звање магистер по електротехника. Докторски студии продолжува исто така на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје при што се стекнува со звање доктор на технички науки. Своето работно искуство го започнува во претставништво на Siemens A.E. во Скопје во периодот од октомври 1995 до декември 2009. Во периодот од 1997 до 2002 работи како асистент на Техничкиот факултет во Битола. Од јануари 2010 се вработува како доцент[1] од областа на електротехниката на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Во 2011 година хонорарно се ангажира во воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Од 2011 година ја извршува функцијата продекан[2] на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Студиски престоj:
Научен интерес:
Автор е на повеќе од педесет научни и стручни трудови публикувани во зборници од симпозиуми и конференции[3]. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia