Василка Ивановска

Василка Ивановска ( 1898 во Подмочани — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Делувала во селото од октомври 1942 година. Чувала илегалци и подготвувала храна. Се грижела за нивната безбедност и вршела повремено курирска работа. Поради провала, од крајот на 1942 година била изложена на терор од италијанскиот окупатор. Била одведена во затворот во Корча, Албанија, но наскоро била ослободена. По капитулацијата на Италија била подложена на терор од бугарската полиција и затворена во Ресенскиот затвор.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1067.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya