Васко Панчаровски

Васко Панчаровски
Роден 1932
Габреш, Кралство Грција
Починал 11 април 2009(2009-04-11) (возр. 76–77)
Торонто, Онтарио, Канада
Занимање хуманист и општественик

Васко Панчаровски (Габреш, Костурско, 1932 - Торонто, 11 април 2009) ― канадски хуманист од македонска народност, еден од најголемите борци за македонските човекови права во дијаспората.[1]

Животопис

Панчаровски е роден е во село Габреш, Костурско во 1932 година. Ја доживува голготата на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција, жртви на грчкиот монархофашизам. Живеел во Чехословачка сè до доаѓањето во Канада, а дипломирал историја и географија на Универзитетот во Прага. Придонесот на Панчаровски во борбата за правата на Македонците во соседните земји е огромен. Тој во почетокот на 90тите години на XX век бил еден од основачите на Македонското интернационално движење за човекови права и иницијатор за формирање на Здружението на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија на северноамериканскиот континент. Починал во Торонто, Канада на 77 годишна возраст на 11 април 2009 година.[2]

Наводи

  1. Ристова, Лилјана (22 април 2009). „Кој беше Васко Панчаровски“. Утрински Весник. Посетено на 2011-12-05.[мртва врска]
  2. „Почина хуманистот Васко Панчаровски“. Дневник. 12 април 2009. Посетено на 2011-12-05.[мртва врска]
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya