Селото е сместено на 12 км северно од Костур во областа Корешта. Лежи на десниот брег на Рулска Река. Селото е практично напуштено. Од другата страна на реката е создадено ново село Корешта (Κορέστια) наречено по областа (службено Неос Икисмос, Νέος Οικισμός). Црквата во Стар Габреш се нарекува „Св. Никола Нови“ (1870), а двата параклиса се „Св. Мина“ и „Пресв. Богородица Пречиста“ („Воведение Богородично“). До „Св. Никола“ е црквата „Св. Никола Стари“ („Св. Модест“) од XVI век.[4] Меѓу Габреш и Брезница се наоѓа Габрешкото кале (Градишта), тврдина од средниот век.[5][6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Габреш е се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 75 куќи.[12]
На почетокот на XX век според грчка статистика, 62 семејства во селото биле егзархиски, а 28 патријаршиски, но по Илинденското востание во 1903 г. сите жители на Габреш преминале под врховенството на Бугарската егзархија.[13] Истата година турските власти не му дозволиле на учителот Сандо Бајов од Нестрам да отвори народно училиште во селото.[14] Во селото веќе работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 600 Македонци под ехзархијата и работело бугарско училиште.[15]
Според Георги Константинов Бистрицки Габреш пред Балканските војни имал 100 македонски куќи.[8][16]Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период пишува дека Габреш има 100 куќи на Македонци христијани.[17]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчки единици и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 648 жители. Во 1920 г. тие се намалиле на 509 лица.[3]
Во 1926 г. селото е преименувано во Гаврос, грцизирајќи му го името. Во 1928 г. населението се намалило на 405 жители, од кои, според грчки извор, наводно 7 биле грчки доселеници од Турција. Меѓу 1914 и 1919 г. 9 лица од Габреш официално поднеле документи за иселување во Бугарија, а по 1919 г. тоа го направиле уште 7 лица. Во селото имало и едно политическо убиство.[18] Меѓу двете светски војни имало големо иселување во прекуокеанските земји.[3]
За врема на Втората светска војна Габреш бил во италијанската окупациска зона и настрадал од окупаторите.[19] Селото силно настрадало и во Граѓанската војна, и од него се одведени 87 деца-бегалци.[20] Дел од жителите на Габреш пребегале во НР Македонија, а во селото се криеле луѓе од околните села.[3]
По војната почнал уште еден масовен бран на иселување во прекуокеанските земји, што е причина за големиот пад на населението.[3]
Жителите се занимавале со земјоделство, произведувајќи жито, грав и овошје, е делумно живееле и од сточарство.[3]
Месноти во Габреш преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 108–109. ISBN954-8187-21-3.
↑Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 360.
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 6.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)