Ва-о-Фоноти
Ва-о-Фоноти (самоански: Va'a-o-Fonoti) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Уполу. ГеографијаОкругот се наоѓа на островот Уполу, поточно во североисточниот дел на островот. Округот има вкупна површина од 38 км2 и ја зафаќа областа околу заливот Фагалоа, како и едно село, ексклава, која е на 10 километри северозападно. Во округот има 10 села. Административен центар на округот е селото Самамеја. Округот е опколен од округот Атуа. Округот има вкупно население од 1621 жител според пописот од 2006 година, од кои само ексклавата има 582. Овој е најмал округ по број на жители во Самоа.[1] ИсторијаВа-о-Фоноти бил основан како засебна традиционална кланска област (денес округ) во 16 век за време на воениот конфликт помеѓу благородничките челници на Атуа Фоноти Тупу Тафаифа од една страна и неговите браќа Вафусуага Толеафоа и Самалаулу од другата страна. Фоноти победил во овој конфликт и на народот од тој дел од Атуа им подарил засебна управа. Новиот создаден регион бил именуван во чест на Фоноти, име кое до денес се користи и значи „воено кану на Фоноти“..[2] Кланската титула во округот е Улуалофаига Таламаивао. Моментално оваа кланска титула е празна. Наводи
Поврзано13°57′S 171°32′W / 13.950°S 171.533°W |
Portal di Ensiklopedia Dunia