Велибор ВасовиќВелибор Васовиќ (Пожаревац, 3 октомври 1939 — Белград, 4 март 2002) — фудбалер кој играл за: Партизан, Црвена ѕвезда, Ајакс и член на југословенската фудбалска репрезентација. Васовиќ во својата професионална кариера бил и фудбалски тренер. Детството и почетоците на младостаВелибор Васовиќ е роден на 3 октомври 1939 година во Пожаревац, како деветто дете на Живојин, даночен службеник, и Јелена Васовиќ (роденото презиме Лаушевиќ), домаќинка. Тој имал четворица постари браќа и три постари сестри. Едната од сестрите починала пред неговото раѓање. По Априлската војна и окупацијата на Кралството Југославија, татко му Живојин бил одведен во германско заробеништво, каде поминал четири години, додека најстарите браќа и сестри на Велибор Васовиќ се придружиле во редовите на партизаните.[1] По завршувањето на основното училиште во Пожаревац, семејството Васовиќ се преселило во Белград. Татко му Живојин починал во 1953 година. За семејството се грижел вујкото на Васовиќ, Давид Лаушевиќ, висок функционер во Управата на државна безбедност (УДБА). Велибор Васовиќ дипломирал како студент на Првата белградска гимназија, а подоцна дипломирал и на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.[1] Спортска биографијаПартизан и Црвена ѕвездаФудбалската кариера Васовиќ ја започнал како 15-годишник во белградскиот фудбалски клуб Партизан. Тој брзо успеал да се избори во тимот од најдобрите единаесет играчи. Во црно-белиот дрес одиграл вкупно некаде повеќе од 300 натпревари. Со клубот на Партизан освоил четири шампионски титули и тоа во сезоните 1960/61, 1961/62, 1962/63 и 1964/65. Во сезоната 1963/64 Васовиќ се преселил во екипата на Црвена ѕвезда и со својот трансфер привлекол големо медиумско внимание. Пред неговото трансферирање, никогаш не се случило фудбалер од ниту еден од овие два ривалски клуба да се пресели во спротивниот табор. Таа година со екипата на Црвена ѕвезда повторно ја освоил шампионската титула на Југославија, што му била четврта во низа. Тој одиграл само 13 натпревари. Според тогашните извори, за таа една сезона помината во клубот на Црвена ѕвезда, добил пет милиони динари, колку што приближно чинеле тогаш два автомобили од марката Мерцедес.[1][2] „Тогаш мојот договор истекуваше, но истекувал и на Јусуфи. И тој и јас бевме репрезентативци. Во управата на Партизан во тоа време беше и мојот веќе споменат вујко Давид Лаушевиќ, па мудрите луѓе во клубот мислеле дека е подобро да се дадат големи средства на Јусуфи за да не замине, а јас по природата на нештата да молчам бидејќи мојот вујко ќе ме среди. Секако јас веднаш отидов кај Аце Обрадовиќ и му реков „Чичко Ацо, ако Црвена ѕвезда има пари јас би...“ И така дојдов во екипата на Црвена ѕвезда исплатен од црниот фонд. Во Партизан беа запрепастени. Генералот Илија Радаковиќ, тогаш беше претседател на Партизан, веднаш одлучи, исто така, од црниот фонд да ми даде двојно повеќе само да се вратам. Започна невиден притисок. Се јавуваа на телефон, пишуваа писма, ги организираа навивачите... Уште го чувам писмото во кое еден офицер на ЈНА се закануваше со убиство и тоа на средина од стадионот со помош на снајпер ако не се вратам. И што е најубаво, човекот се потпишал со целото име и презиме, ја напишал и адресата, сѐ.“ Велибор Васовиќ, 1986 година. По една сезона помината во екипата на Црвена ѕвезда Васовиќ се вратил во составот на Партизан со кој повторно ја освоил титулата шампион на Југославија во сезоната 1964/65. Сепак, неговото враќање во црно-белите било проследено со контроверзии. Во ситуацијата кога тренирал со играчите на екипата на Партизан, а платата ја земал од клубот на Црвена ѕвезда, по замислата на тогашниот потпретседател на Партизан, Чедо Џомба, Васовиќ заминал директно кај потпретседателот на СФРЈ, Александар Ранковиќ. Разговорот траел 45 минути во зградата на Сојузниот извршен совет. Откако Васовиќ ја објаснил целата ситуација, Ранковиќ одговорил со: „Ќе размислиме и ќе видиме“. Епилогот бил постигнатиот договорот помеѓу челниците на вечните ривали Илија Радаковиќ од една страна и Аца Обрадовиќ од друга: Васовиќ се вратил во екипата на Партизан, а Звездан Чебинац заминал во составот на Црвена ѕвезда. „Моето враќање во Партизан предизвика раздор и незадоволство помеѓу останатите играчи. Насетија дека клубот може да се уценува за пари, Галиќ, Јусуфи, Зоран Миладиновиќ и останатите, едноставно не сакаа да играат... Така се случи на пример да играме во Скопје, против Вардар за бодови само Владица Ковачевиќ и јас и сите останати од младинската екипа.“ Велибор Васовиќ, 1986 година. Куп на шампиони со ПартизанСо освојувањето на титулата шампион на Југославија во сезоната 1964/65, екипата на Партизан се здобила со правото за настап во Купот на европските шампиони. Тогашните бебиња на Партизан, предводени од тренерот Абдулах Гегиќ, биле сериозен ривал на било кој европски клуб во тоа време. Екипата на Партизан во повеќето натпревари од Купот на шампионите настапувала во следниот состав:
Екипата на Партизан за пред-натпреварот како противник го добила францускиот шампион Нант. Со победата во Белград од 2:0 и нерешениот резултат на гостински терен 2:2, била надмината првата пречка со вкупен резултат од 4:2. Нареден противник бил шампионот на Германија Вердер од Бремен. Екипата на Вердер била елиминирана со вкупен резултат од 3:1. Во Белград било 3:0, а во Бремен 0:1 за клубот на Вердер. Составот на Партизан во четвртфиналето го совладал шампионот на Чехословачка, Спарта од Прага. Клубот на Партизан го загубил првиот натпревар во Прага со резултат од 4:1, додека вториот натпревар во Белград го добил со резултат од 5:0 и со тоа се пласирал во полуфиналето со вкупен резултат од 6:4. Во полуфиналето составот на Партизан го чекал шампионот на Англија, екипата на Манчестер Јунајтед. Но, и овојпат бебињата (младите играчи) на Партизан успешно ја завршиле задачата со вкупен резултат од 2:1 (2:0 во Белград и 0:1 во Лондон). По тој натпревар екипата на Партизан се квалификувала за финалето. Финалето на Купот на шампионите се одиграло во Брисел на 11 мај 1966 година, а противник на составот на Партизан бил шампионот на Шпанија, екипата на Реал од Мадрид. Се играло на познатиот стадион „ Хајсел “ пред 55.000 гледачи. Екипата на Партизан во сѐ бил рамноправен противник на составот на Реал од Мадрид. Во 55 минута клубот повел со голот на Велибор Васовиќ. За жал на играчите на Партизан, тоа било сѐ што можеле да направат. Составот на Реал со головите на Амансио и Серена успеал да го совлада клубот на Партизан и да ја освои титулата шампион на континентот.[3] Ајакс![]() По финалниот натпревар во Купот на шампионите, повеќето играчи на екипата на Партизан си нашле ангажмани во странски клубови. Велибор Васовиќ немал менаџер, па отишол и сам се понудил. Тој поминал два месеци во Западна Германија, обидувајќи се да потпише за составите на Минхен 1860 и Борусија од Дортмунд. Кога веќе размислувал да се врати во Белград и да ја продолжи кариерата во екипата на Партизан, за него се заинтересирал составот на Ајакс од Амстердам. Васовиќ за екипата на Ајакс настапувал од 1966 до 1971 година. Тој одиграл 145 првенствени натпревари и постигнал 13 првенствени голови. Со Ајакс освоил три холандски титули во сезоните 1966/67, 1967/68 и 1969/70 и три холандски купови во сезоните 1966/67, 1969/70 и 1970/71. Васовиќ билкапитен на Ајакс. Таа чест пред него не била доверена на ниту еден странски играч. Васовиќ бил првиот странец, капитен на екипата на Ајакс. Составот на Ајакс бил сензација во Европа во тие сезони со својот нов стил на игра. Тренерот Михелс го вовел таканаречениот тотален фудбал, каде секој играч можел да игра на која било позиција, а изборот на играчи од тимот на Ајакс му го овозможило сето тоа. Веднаш во првата сезона, Васовиќ заедно со екипата на Ајакс го освоил Купот на Холандија, но и шампионската титула,[4] и таа година, 20-годишниот Јохан Кројф станал најдобар стрелец во лигата со дури 33 постигнати голови.[5] Во екипата на Ајакс, каде што минал пет сезони, под палката на тренерот Ринус Михелс, Васовиќ бил капитен на играчи од светска класа како што биле: Јохан Кројф, Јохан Нескенс, Вим Сурбијер, Ханц Стај, Бари Хулшоф, Гери Мирен и Пит Кајзер. Велибор Васовиќ имал можност прв да го подигне првиот трофеј од Купот на шампионите за екипата на Ајакс освоен како капитен. Тоа бил прв трофеј од вкупно четири колку што составот на Ајакс има освоено во историјата. Финалиња на Купот на шампионите со екипата на АјаксФиналето се одиграло во Мадрид на 28 мај 1969 година, а противник на составот на Ајакс бил шампионот на Италија екипата на Милан од Милано. Се играло на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ пред околу 50.000 гледачи. Екипата на Милан повела со резултат од 2:0, а составот на Ајакс тргнал на сѐ или ништо. Велибор Васовиќ погодил од пенал и го намалил резултатот на 2:1 и така ги подигнал надежите на играчите на Ајакс. Но, сето тоа траело кратко и со головите на Сормани и Пратија Милан го зголемил водството на 4:1 и ја освојуваат титулата европски првак.[6]
![]() Финалето се одиграло во Лондон на 2 јуни 1971 година, а противник на екипата на Ајакс бил шампионот на Грција, екипата на Панатинаикос од Атина. Натпреварот се играл на стадионот „ Вембли “ пред околу 90.000 гледачи. Екипата на Ајакс била фаворит. Составот на Панатинаикос во неверојатна завршница во полуфиналето во два натпревари ја елиминирал екипата на Црвена ѕвезда. Составот на Црвена ѕвезда го добила првиот натпревар во Белград со резултат од 4:1 и се очекувало сигурно финале, но екипата на Панатинаикос предводена од тренерот Ференц Пушкаш победила во Атина со резултат од 3:0 и благодарение на голот постигнат на гостински терен се пласирала во финалето. Ова веќе бил огромен успех за грчкиот тим, па екипата на Ајакс само рутински ја завршила работата и му овозможила на Васовиќ да го подигне првиот трофеј за составот на Ајакс како освојувач на Купот на шампионите. Велибор Васовиќ за првпат не постигнал гол во финалето, но првпат го освоил истото.[7] Екипата на Ајакс финалниот натпревар од Купот на шампионите го одиграл во следниот состав:
РепрезентацијаВелибор Васовиќ настапувал за репрезентацијата на Југославија во периодот од 1961 до 1966 година. За тоа време одиграл 32 натпревари и постигнал два гола, но и еден автогол. Васовиќ за прв пат настапил во југословенската репрезентација на 18 јуни 1961 година на пријателскиот натпревар одигран во Белград против составот на Мароко. Конечниот резултат на тој натпревар бил 3:2 за репрезентацијата на Југославија. Велибор Васовиќ го постигнал својот прв гол за репрезентацијата на 4 ноември 1962 година, во квалификацискиот натпревар за Европското првенство, против репрезентацијата на Белгија, кој се одиграл во Белград. Конечниот резултат бил 3:2 за составот на Југославија. Останатите два гола ги постигнал соиграчот Јосип Скоблар. Васовиќ го постигнал својот втор гол за државната репрезентација на 7 ноември 1965 година на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 1966 во Англија, против селекцијата на Норвешка. Конечниот резултат бил 1:1. Тој постигнал и еден автогол и тоа на 27 септември 1964 година на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Австрија во Виена, кога репрезентацијата на Југославија загубила со резултат од 3:2. Васовиќ немал толку успеси со репрезентацијата како што имал на клупски план. Не успеал да учествува на ниту едно од големите натпреварувања, Европско или Светско првенство. Еден од поатрактивните натпревари на кои настапувал бил натпреварот што репрезентацијата на Југославија го одиграла против репрезентација на Европа. Натпреварот се одиграл на 23 септември 1964 година во Белград на стадионот на ЈНА пред 20.000 гледачи.
Тренерска кариераПо завршувањето на неговата активна играчка кариера, во 1971 година Велибор Васовиќ станал тренер. Најпрво заминал во својот матичен клуб Партизан како тренер, а го преземал тимот во декември 1971 година, по оставката на тогашниот тренер Гојко Зец. Васовиќ со 32 години и два месеци, колку што имал тогаш, станал најмладиот тренер во историјата на екипата на Партизан. На крајот од првата сезона со екипата на Партизан ја заземал петтата позиција во првенството. Наредната сезона 1972/73, повторно била неуспешна, па составот на Партизан завршил на четвртото место. Васовиќ останал во клубот на Партизан уште една половина од сезона, а тоа била сезоната 1973/74, а потоа ја презел екипата на Пролетер од Зрењанин. Француската екипа Анже ја презел во периодот од 1975 до 1976 година. Подоцна, во сезоните 1976/77 и 1978/79 година, тој го презел составот на Париз Сен Жермен, но повторно бил без некој позначен успех.[9] По екипата од Париз ја водел египетската екипа на Замалек од Каиро во 1982-83 година. Составот на Етникос од Пиреја го водел во 1983, а екипата на Црвена ѕвезда 1986-1988, каде во сезоната 1986/87 го заземал третото место, а во сезоната 1987/88 ја освоил титулата шампион на Југославија. Седејќи на клупата на екипата на Црвена ѕвезда, Велибор Васовиќ станал единствениот во историјата кој играл и за двата „вечни ривали“, но и ги тренирал истите. Додека бил шеф на професионалната екипа на Црвена ѕвезда влегол во конфликт со некои играчи кои се побуниле, бидејќи ги принудувал да учат англиски.[10] На крајот тој го презел швајцарскиот клуб ФК Белинцона од Белинцона (1989). Тој клуб го водел една година, а потоа ја завршил својата тренерска кариера.[11] По една година во Швајцарија, Велибор Васовиќ се вратил во Белград и ја започнал својата правна кариера, која и му била основната професија покрај фудбалот.[12] Приватен животВасовиќ бил остар критичар на работата на Фудбалскиот сојуз на Југославија (ФСЈ), а од 1997 година бил на чело на Здружението за развој и просперитет на југословенскиот фудбал и како таков, само пет дена по промените на 5 октомври 2000 година, тој се обидел да го преземе ФСЈ (фудбалскиот сојуз на тогашна Југославија).[13][14] Велибор починал на 4 март 2002 година во Белград во 63 година од животот од последиците здобиени од инфаркт при една прошетка на локација пред Народниот театар. Погребан бил во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград. Стапувал во брак двапати и имал два сина од првиот брак. Бил полиглот, покрај мајчиниот српски, зборувал и англиски, француски, руски и холандски јазик.[10] Признанија![]() ![]() И покрај релативно кратката кариера, Васовиќ освоил толку многу титули што ретко кој фудбалер може да се пофали со тоа. Со секоја од екипите за кои настапувал ги освојувал титулите во државното првенство. Со Партизан освоил вкупно четири шампионски титули на Југославија и тоа:
Финале на Купот на шампионите:
Со екипата на Црвена звезда освоил една шампионска титула на Југославија:
Со екипата на Ајакс освоил три шампионски титули на Холандија:
Три холандски купа:
Со составот на Ајакс настапил во финалето на холандскиот куп во сезоната 1967/68, каде што загубил од екипата на Хаг со резултат од 2:1.[16] Две финалиња од Купот на шампионите:
Статистика на игрите во ФК ПартизанСтатистиката на Велибор Васовиќ е од официјалниот клупски сајт на екипата на Партизан[19]
Што другите истакнале за Велибор Васовиќ
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia