Фудбалска репрезентација на Белгија
Фудбалската репрезентација на Белгија ја претставува Белгија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Кралската фудбалска асоцијација на Белгија. Формирана е 1990 година. Репрезентацијата е под глобална јурисдикција на ФИФА, во Европа е управувана од страна на УЕФА - откако и двете федерации биле ко-основани од надзорното тело на белгиската репрезентација, Кралската белгиска фудбалска асоцијација (RBFA). Периодите на редовна белгиска застапеност на највисоко меѓународно ниво, од 1920 до 1938 година, од 1970 до 2002 година и повторно од 2014 година наваму, наизменично се менувале со претежно неуспешни квалификациски кругови. Повеќето домашни натпревари Белгија ги игра на Стадионот Крал Бодуен во Брисел. Белгиската фудбалска репрезентација учествувала на три големи четиригодишни фудбалски натпреварувања. Се појавиле во завршната фаза на тринаесет Светски првенства и пет Европски првенства на УЕФА, а настапиле и на три олимписки фудбалски турнири, вклучувајќи го и Олимпискиот турнир во 1920 кој го освоиле. Други позначајни резултати се победите над четири Светски шампиони - Западна Германија, Бразил, Аргентина и Франција - во периодот помеѓу 1954 и 2002 година. Белгија има долгогодишно фудбалско соперништво со своите соседи Холандија и Франција, играјќи против двата тима речиси секоја година од 1905 до 1967 година. Прекарот на репрезентацијата е познат како Црвените ѓаволи и така се нарекуваат уште од 1906 година; нејзиниот навивачки клуб е наречен „1895“. За време на репрезентативната играчка кариера на напаѓачот Пол Ван Химст, најомилениот белгиски фудбалер од 20 век, Белгија го освоила третото место на Евро 1972. После тоа, тие доживеаја две златни доби со многу надарени играчи. Во првиот период, кој траел од 1980-тите до раните 1990-ти, екипата завршила како второпласирана на Евро 1980 и како четврта на Светското првенство 1986. Во втората, под водство на Марк Вилмотс во 2010 година, Белгија стигнала до четвртфиналето на Светското првенство 2014 и се нашла на врвот на Ранг-списокот на ФИФА за првпат во ноември 2015. По заминувањето на Вилмотс белгиската репрезентација ја преземал Роберто Мартинес, со кој настапувале на Светското првенство 2018. ИсторијаБелгија била една од првите европски држави која играла фудбал по капата на фудбалската асоцијација. Неговата пракса во Белгија започнала на 26 октомври 1863 година, откако еден ирски студент влегол во колеџот Јозефис во Меле со кожна топка.[2] Првично тоа било елитистичко минување време,[3] а во текот на следните децении фудбалот го заменил рагбито како најпопуларен спорт во Белгија.[4] На 1 септември 1895 година, десет клубови во фудбал, атлетика, крикет и велосипедизам го основале белгискиот спортски одбор Унион Белж дес Сосиетес де Спортс Атлетикес (Union Belge des Sociétés de Sports Athléques) УБССА;[4][5] една година подоцна УБССА го организирал првото издание на Првата Белгиска фудбалска лига.[4] ![]() На 11 октомври 1900 година, почесниот претседател на К. Биршот ВАК Хорхе Диаз објави дека Антверпен ќе биде домаќин на серија натпревари меѓу најдобрите европски фудбалски екипи.[6] По некои организациски проблеми, на 28 април 1901 година, теренот на Биршот бил домаќин на првиот турнир, во кој белгискиот A-тим и холандскиот Б-тим се натпреварувале за Купот Ванден Абеле.[7][8] Белгија победила,[9] и ја совалдале Холандија и во сите три следни натпревари;[10] но сепак, ФИФА не ги признала овие резултати бидејќи за Белгија играле неколку англиски играчи.[10] На 1 мај 1904 година, Белгијците го одиграле својот прв официјален натпревар, против Франција на Стад ду Вивие д'Ој во Укел; натпреварот завршил нерешено така што ниту една екипа не го освоила трофејот на Евонс купот.[11] Дваесет дена подоцна, фудбалските одбори на двете земји биле меѓу седумте основачи на ФИФА.[12][13] Во тоа време, белгискиот состав бил избран од комитет составен од шест или седум клубови во земјата.[14] Во 1906 година, играчите на репрезентацијата го добиле прекарот Црвените ѓаволи, поради нивните црвени дресови, и четири години подоцна, шкотскиот поранешен фудбалер Вилијам Максвел го заменил УБССА комитетот за да го преземе селекторското место во репрезнетацијата.[15] Од 1912, УБССА управувал само со фудбалот и бил преименуван во УБСФА. За време на Големата војна, репрезентацијата играл само непризнаени пријателски натпревари, против Франција.[16][17] На Летните олимписки игри 1920, на нивниот прв официјален олимписки настап, Црвените ѓаволи го освоиле златниот медал на домашно тло откако во контроверзното финале, ја победил Чехословачка чиј играчи го напуштиле теренот.[18][19] На трите Летни олимписки игри во 1920-тите година, тие постигнаа добри резултати (четири победи во седум натпревари) и го одиграа својот прв меѓуконтинентален натпревар, против Аргентина.[16] Во текот на следната деценија, сепак, Белгија ги загубила сите свои натпревари на првите три финални турнири на Светското првенство на ФИФА.[16] Според историчарот Ричард Хеншоу, "растот на фудбалот во Скандинавија, Средна Европа и Јужна Америка ја оставил Белгија далеку зад себе".[20] Иако Втората светска војна ги попречувала меѓународните фудбалски настани во 1940-тите, белгискиот тим останал активен со неофицијални натпревари против екипи на земјите кој им биле сојузници во Втората светска војна.[21] ![]() Белгија се квалификувала само за еден од осумте главни турнири во текот на 1950-тите и 1960-тите години: Светското првенство 1954. Еден ден пред почетокот на турнирот, КФАБ била меѓу трите основачи на УЕФА.[22] Холандските новинари сметале дека ремито на белгискиот тим во нивниот прв натпревар на СП 1954 против Англија било најголемиот изненадувачки резултат за тој ден на првенството, дури поголем и од победата на Швајцарија над италијанските "фудбалски ѕвезди".[23] Сепак, Белгија била елиминирана по поразот од Италија во вториот (и последен) натпревар во групата.[24] Двете светли точка во овие децении за Белгија биле победите против Светските шампиони: Западна Германија во 1954 и Бразил во 1963 година.[16] Помеѓу овие две победи, Белгија го совладала и унгарскиот Златен тим во 1956 година. Комбинацијата на неуспех во натпреварувачките натпревари и успехот во пријателските натпревари, им го донел на Белгијците лошиот прекар "Светски шампион на пријателските натпревари".[25][26] Перформансите на репрезентацијата се подобриле во текот на раните 1970-ти, под водство на селекторот Рејмонд Гетелс. Целосно облечени во бело, како Бели ѓаволи, Белгија стигнала до првите победи на светско и на европско првенство на турнирите во 1970 и 1972 година соодветно.[27][28] На Светското првенство 1970, Белгија ја остварила првата победа совладувајќи го Ел Салвадор со 3-0 во првото коло од групната фаза, но поразите од Советскиот Сојуз (4-1) и од домаќинот Мексико (1-0) не им дозвоиле да минат во четвртфиналето. На патот кон Европското првенство 1972, нивниот прв настап на европско првенство, тие ги елиминирале актуелните европски шампиони Италија со победа во бараж двомеч од 2-1 вкупен резултат. На крајот, завршиле на третото место, остварувајќи победа во утешниот натпревар против Унгарија.[28] Во 1973 година, поништен победоносен гол во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 1974 година во УЕФА Групата 3 ја чинел Белгија да не учествува на завршницата на Светското првенство во Западна Германија,[29] што предизвикало Белгија да стане единствената нација што некогаш пропуштила завршница на Светско првенство, и покрај тоа што не примила ниту еден гол за време на квалификациите.[30] Следните два обида да се стигне до завршницата на големите турнири исто така биле залудни.[31][32] Почнувајќи од второто место на Евро 1980,[33] 1980-тите и раните 1990-ти генерално се сметаат за првата златна доба на Белгија.[34] Предводени од селекторот Гај Тис, Белгијците стигнале до финалето на Европското 1980 како непоразени и првопласирани во групната фаза; во финалето, тие ја загубиле титулата од Западна Германија со резултат 1-2.[33] Почнувајќи од Светското првенство 1982 и завршувајќи со Светското првенство 2002, репрезентацијата се квалификувала за шест последователни завршници на Светските првенства и најмногу достигнала до вториот круг на натпреварување.[35] Во прилог на добивање поединечни признанија на ФИФА, белгиската екипа стигнала до полуфиналето на Светското првенство 1986.[36] По пласманот во финалето на Европското првенство 1980, тие биле неуспешни на следните два европски првенства, со рани испаѓања од турнирите во 1984 и 2000.[37][38] Во текот на доцните 1990-ти, тие одиграле три пријателски турнири во Мароко, Кипар и Јапонија,[39][40] споделувајќи ја титулата во вториот со Перу на Кирин куп 1999.[41] Најголемите таленти на белгискиот тим за време на ова златно доба се повлекле од репрезентативниот фудбал до 2000 година, но во 2002 година, Белгија го поразила актуелниот светски и европски шампион Франција,[16] и стигна до осминафиналето на Светското првенство истата година.[42] ![]() По Светското првенство во 2002 година, репрезентацијата значително ослабела поради загубата на повеќе играчи ветерани кој се повлекле од дресот со националниот грб како и заминувањето на селекторот Васиге.[43][44] Тие пропуштиле пет последователни Европски првенства од 2004 до 2012 и поминале низ еднаков број на селектори.[45] Во 2005 година, победата над европскиот шампион Грција не значела ништо друго освен мала утеха.[16] Во меѓувреме, созревала нова ветувачка генерација која на Европското првенство под 21 година 2007 стигнала до полуфиналето; со тоа белгискиот состав се квалификувал и за Летните олимписки игри во Пекинг следната година,[46] каде замалку им побегнал олимписки медал освојувајќи го четвртото место.[47] Седумнаесет од тие играчи кој настапиле на Олимписките игри подоцна играле и за сениорската репрезентација,[48] иако без непосредно влијание. Белгија завршила на делбата на второто (и последно) место на Кирин купот во 2009,[49] и доживеала срамен пораз од 125-то рангираната земја на ранг-списокот на ФИФА Ерменија во септември 2009 година.[1] По вториот мандат како селектор на Жорж Лекенс,[50][51] неговиот асистент Марк Вилмотс станал вршител на должноста селектор во мај 2012 година.[52] По два натпревари како привремен селектор, Вилмотс се согласи да потпише траен договор и да остане на селекторската функција.[53] По неговото назначување, резултатите на селекцијата се подобриле,[54] така што некои странски медиуми генерација ја сметале за втората белгиска златна генерација.[55][55][56][56][57][57] Младиот белгиски состав се квалификувал без пораз како победник во својата квалификациска група за Светското првенство 2014,[58] и само за вторпат во историјата на белгиската репрезентација стигнале до четвртфиналето на Светското првенство 2014 каде биле елиминирани од Аргентина со 1-0 со голот на Гонсало Игуаин.[59] Претходно Белгија забележала 4 последнователни победи на турнирот.[59] Белгија се квалификувала и за Евро 2016 во октомври 2015 година,[60] а следниот месец во ноември 2015 избила на првото место на ФИФА ранкингот за првпат во нејзината историја,[61] и таму се задржале 5 месеци.[1][62] Сепак, следната година Белгија не успеала да ја потврди својата улога како фаворит на Европското првенство и биле елиминрани во четврт-финалето од 26-то ФИФА рангираната репрезентација на Велс;[1][63] ова ја поттикнало КБФА да го разреши Вилмотс.[64] Во квалификациите за Светското првенство 2018, тие повторно биле први во својата група,[65][66] и се пласирале на мундијалот во Русија под водство на шпанскиот тренер Роберто Мартинес.[67] Таму Белгија го освоила првото место во својата група со максимални три победи во конкуренција на Англија, Тунис и Панама. Потоа ги елиминирале Јапонија и Бразил во осминафиналето и четвртфиналето, соодветно, пред Белгија да биде сопрена во полуфиналето од подоцнежниот шампион Франција. Белгија го освоила третото место одново совладувајќи ја Англија (како и во групата) и го остварила најголемиот успех во историјата на репрезентацијата на мундијалите, надминувајќи го оној успех на генерацијата која настапила на Светското првенство 1986 која го освоила четвртото место. Настапи на турнириНастапи на Светските првенства
Настапи на Европските првенства
Настапи на Олимписки игри
ИграчиМоментален составСтатистика на играчите Активни репрезентативци
Играчи со најмногу настапиПоследна промена 4 јули 2014.[83]
Играчи со најмногу постигнати головиПоследна промена 4 јули 2014.[83]
СелекториПоследна измена: 14 март 2014.
ДресовиПрв дрес
Втор дрес
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia