Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 - хронометар за жени![]()
Поединечниот хронометар за жени бил една од осумнаесетте велосипедски дисциплини на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Трката започнала и завршила на 10 август на Понтал, мал полуостров во западниот дел на Рио. Трката била освоена од Кристин Армстронг од САД. Фаворити пред тркатаАмериканката Кристин Армстронг била бранител на титулата. Светска првенка по Летните олимписки игри 2012 биле Елен ван Дејк (2013), Германката Лиза Бренауер (2014) и Новозеланѓанката Линда Вилумсен (2015). ПатекаПатеката за женскиот хронометар изнесувала еден круг околу полуостровот Понтал во должина од 29,8 километри. Почетокот и крајот на трката на патеката бил плоштадот Тим Маја, потоа продолжувал кон кругот Понтал (надесно) стигнувајќи до првото искачување по 9,7 километри и второто искачување на 19,2 километри.[1] Учесници и резултатиСледниве 18 национални олимписки комитети (НОК) имале свои учесници со вкупно 25 возачи на хронометарската трка за жени. Следниве возачи биле потврдени од нивните соодветни НОК.[2]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia