Германија на Олимписките игри
![]() Германија за првпат учествувала на Летните олимписки игри во 1896 година кои се одржале во Атина, и од тогаш пропуштила само четири Олимписки игри, и тоа во 1920, 1924, 1948, и 1980 година. Спортистите на Германија, заклучно со 2009 година освоиле 500 олимписки златни медали, според кое се наоѓаат на второто место според вечната ранг-список на освојувачи на медали на Олимписките игри. Вкупно има освоено 1588 медали. Германија требала да биде домаќин на Летните олимписки игри во 1916 и Летните олимписки игри во 1940 година, но поради светските војни, тие не се одржале. По Првата светска војна, Германија била исклучена од натпреварувањата во 1920, 1924 и по Втората светска војна во 1948 година. По Втората светска војна Германија била поделена на Источна Германија и Западна Германија. И двете одвоени држави пропуштиле по едно првенство. Германија на летните и зимските Олимписки игри заедно, заклучно со 2009 има освоено 1.588 медали (518 златни), (529 сребрени) и (541 бронзени). Германија по Втората светска војна, до 1990По сојузникото распуштање на спортските организации во Германија во 1947, во 1950, Меѓународниот олимписки комитет одлучил да го признае реорганизираниот Олимписки комитет на Германија (германски:Nationales Olympisches Komitee für Deutschland), кој ги опфаќал двете Германии, а центарот бил во Западна Германија. За време на Студената војна, во 1951 година, Германската Демократска Република (ГДР) одлучила да формира посебен Национален олимписки комитет, кој не бил признаен веднаш од страна на МОК. Спортистите од ГДР, тогаш настапувале на Олимписките игри, но повторно преку сојузот кој бил со центар во Западна Германија. Овоја екипа, кој настапувал во периодот од 1956 до 1964 е познат како Обединета екипа на Германија. Од 1968, постоеле два германска екипа, кои добеле посебни кодови од страна на МОК. Кодот GDR за Источна, а GER за Западна Германија Од 1980, кодот за Западна Германија бил променет во FRG, а десет години подоцна, по обединувањето на Германија, бил вратен стариот код GER. Во раните 1950-ти, територијата окупирана од страна на Франција, Сар имала свој код од МОК SAA, кој постоел до 1956, кога стапил во употреба кодот на Западна Германија. Медали на ЛОИ
Медали на ЗОИ
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia