Венера-6Венера-6 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменет за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 10 јануари 1969 година. Текот на мисијатаНамената на леталото била атмосферското истражување на Венера. Било слично на апаратот Венера-4 оаиако била изменета така што би издржала поголем атмосферски притисок. Кога Венера-6 пришла на планетата Венера на 17 мај 1969 година, бил исфрлен одсекот за спуштање со маса од 405 кг од главното тело на леталото. За време на спуштањето кон површината на планетата, бил испуштен и падобран со цел да би бил забавен падот. За време од 51 минута додека капсулата паѓала, атмосферските податоци биле собрани преку сензори, и праќани на Земјата со помош на радио-врска. Капсулата го носела грбот на СССР и гравура на Ленин. Основни податоци за летот
Галерија
ПоврзаноНадворешни врски
Користена литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia