Венера-8Венера-8 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 27 март 1972. Одвивање на мисијатаВенера-8 била наменета за истражување на атмосферата на Венера и спуштање на истата. Инструментите ја мереле температурата, притисокот, осветлувањето, висината, составот на гасовите и нивниот спектар. Делот кој не се спуштил на планетата имал и детектор на космички зраци, сончев ветар и ултравиолетен спектрометар. Одсекот за спуштање влегол во атмосферата на Венера на 22 јули 1972. Брзината била намалена од околу 42,000 км/ч до околу 900 км/ч со аеродинамичко запирање. Падобранот со пречник од 2,5 метри бил отворен на висина од 60 км, и системот за ладење бил користен со цел да се одржи внатрешната температура ниска. Наглиот пад на осветлување бил детектиран на висина од 35-30 км, а под 10 км и зголемената брзина на ветарот, брзината била само околу 1 метар во секунда. Венера-8 се приземила во околу 9:32 по универзално време, на 10 степени јужно и 335 степени западно. Податоците биле праќани полни 50 минути по спуштањето. Подаците ги потврдиле претходните мерења на Венера-7. Температурата на површината е измерена како 470 степени Целзиусови, а притисокот на 90 атмосфери. Осветлувањето било измерено слично како и со она на Земјата на облачен ден, а видливост од 1 км. Основни податоци за летот
Галерија
ПоврзаноНадворешни врски
Користена литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia