Венче Грујоски

Венче Грујоски
Роден 1921 година
Долно Добреноец, Кралство СХС
Починал април 1945 година
Дуго Село, Независна Држава Хрватска
Народност Македонец

Венче Стојков Грујоски ( 1921 во Долно Добреноец1945 во Дуго Село) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал услови да се школува, останал земјоделски работник. Како симпатизер на ослободителното движење и напреден младинец, станал член на СКОЈ во 1943 година. Го помагал организирањето на младината, а во 1944 година се приклучил во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Струга и Кичево, а потоа заминал на Сремскиот Фронт. Загинал во борба против Германците кај Дуго Село во близината на Загреб, во април 1945 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 51.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya