Вера Дончева-Гашиќ

Вера Дончева-Гашиќ (14 јуни 1921 во Штип — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Таа била работничка. До јуни 1943 година живеела во Земун. Го помагала НОД преку собирање парична и друга помош. Во својот дом чувала илегалци. Од август 1943 година продолжила да работи на слични задачи во Скопје. Чувала илегалци. По задача на скопската партиска организација била преселена во специјален стан каде била изградена скривница и кај неа престојувале одговорни партиски раководители. Од август 1944 година заминала во Кавадарци и останала до ослободувањето, каде била примена за член на КПМ. Во 1944 година есента станала секретар на АФЖ во Кавадарци.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1052.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya