Веселин Вујовиќ
Веселин Вујовиќ (српски: Веселин Вујовић) роден на 18 јануари 1961) е пензиониран црногорски ракометен играч кој се натпреварувал на Летните олиписки игри во 1984 и во1988 година. Тој во моментов е селектор на репрезентација на Словенија и Копер 2013. КариераВо текот на својата кариера тој настапувал за РК Металопластика од Шабац, Барселона и Гранолес. Со Металопластика Вујовиќ бил дел од златната генерација која доминарала во текот на 1980-тите, освојувајќи седум лига титули, 4 купови и две Европски шампионски титули. Вујовиќ исто така загубил едно финале во 1984 година и три полуфиналиња на натпреварите во Купот на европскитете шампиони, додека играл за Металопластика. Во 1986 година, тој бил именуван како најдобар спортист на поранешна Југославија. Тој бил првиот играч кој ја добил титулата на ИХФ Светски Играч на Годината. Во 1984 година тој бил член на Југословенската ракометна репрезентација, која го освоила златниот медал на олимписките игри. Тој ги одиграл сите шест натпревари и постигнал 28 голови. Четири години подоцна, тој бил дел од југословенскиот тим кој освоил бронзениот медал. Тој ги одиграл сите шест натпревари повторно и постигнал 29 голови. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia