Машка ракометна репрезентација на Македонија
![]() Машка ракометната репрезентација на Македонија — сениорска репрезентација што ја претставува Македонија на меѓународните ракометни натпреварувања во машка конкуренција. Репрезентацијата е раководена од Ракометната федерација на Македонија (РФМ). ИсторијаДо 1991 година, кога се стекнала со независност, Македонија играла во рамките на СФРЈ. Машката ракометна репрезентација го одиграла својот прв натпревар на 15 декември 1993 година, против репрезентацијата на Романија, во рамките на Купот на Карпатите.[1] Меѓународни учестваМакедонската машка ракометна репрезентација има учествувано на повеќе големи меѓународни натпреварувања. Европски првенстваЕвропското првенство во Италија, во 1998 година, бил првото европско првенство на кој настапила репрезентацијата на Македонија. На ова првенство, Македонија играла во групата „Б“ и завршила на последното место, со само 1 освоен бод. На конечната табела на првенството, Македонија завршила на последното, 12 место. Европското првенство во Србија, во 2012 година, е второто европско првенство на кој Македонија зела учество. Во првата рунда од првенството, Македонија играла во групата „Б“, каде завршила на второто место, со една победа и еден нерешен резултат. Во следната рунда од првенството, Македонија играла во првата комбинирана група, каде завршила на третото место и со тоа разигрувала со Словенија во борбата за петтото место. Македонија ја поразила селекција на Словенија, обезбедила место во квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон и бараж за Светското првенство во 2013 г. На квалификациите за Олимписките игри во Лондон, Македонија играла на квалификацискиот турнир во Шведска, против домаќинот Шведска, Бразил и Унгарија, но не успеала да се пласира на Олимпијадата. Сепак, таа успеала да се квалификува за Светското првенство во ракомет, одиграно во Шпанија, во 2013 година. Македонија се пласирала на Европското првенство во Данска како второпласирана во квалификациската рунда. На Европското првество, Македонија ги започнала своите натпревари во првата „А“ група, каде разигрувала со репрезентациите на Данска, Чешка и Австрија. По звршувањето на прелиминарната рунда, Македонија имала пораз од Данска, нерешен резултат со Чешка и победа над Австрија. Со тоа, Македонија продолжила во следната главна фаза, каде во новата група пренесла 2 бода и се пласирала на третото место, веднаш зад Шпанија и Данска. На крајот од првенството, Македонија го зазела 10 место. Македонија играла во шестата квалификациска група за Европското првенство во ракомет 2016, заедно со Франција, Чешка и Швајцарија. Македонија ги започнала квалификациите на 26 октомври 2014 година, кога во Скопје ја победила репрезентацијата на Швајцарија, со резултат 27-20. Најефикасен стрелец бил Кире Лазаров, со постигнати 13 гола.[2] Неколку дена подоцна, на 2 ноември 2014 година, во Злин, репрезентацијата на Македонија ѝ гостувала на Чешката репрезентација. Наспроти големата предност што Чесите ја имале на полувремето, натпреварот завршил нерешено 27-27 (11-18), благодарение на голманот Борко Ристовски, кој имал 24 одбрани. Инаку, најефикасен стрелец во репрезентацијата на Македонија бил Кире лазаров, со 10 гола.[3][4]
Светски првенства
На светското првенство во Египет 1999, репрезентацијата на Македонија не успеала да ја мине групната фаза и на крајот завршила на 18. место.[6] На светското првенство во Хрватска 2009, репрезентацијата на Македонија остварила голем успех и на крајот завршила на 11. место.[6] На светското првенство во Шпанија 2013, репрезентацијата на Македонија ја минала групната фаза, но била елиминирана од Германија во осмина-финалето. Така, на крајот, Македонија го зазела 14. место на првенството.[6] На светското првенство во Катар 2015, Македонија играла во групата „Б“, заедно со репрезентациите на Тунис, Босна и Херцеговина, Хрватска, Иран и Австрија. Репрезентацијата на Македонија била предводена од селекторот Ивица Обрван.[6] Во 4. коло од групата „Б“, Македонија изгубила од Хрватска, со резултат 26-29 (14-15), а најефикасен во македонската репрезентација бил Кире Лазаров, со постигнати седум голови.[7] Тековен составСписок на повикани играчи за Светското првенство 2023. Селектор: Кирил Лазаров Поранешни истакнати играчи
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia