Веселин ИлиевскиВеселин Илиевски ( 1907 во Одри — 21 октомври 1943 во Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПотекнувал од бедно семејство. Основно училиште завршил во селото. Рано заминал на печалба во Соединетите Држави. Оттаму се вратил спроти капитулацијата на Кралството Југославија. Во летото 1943 година, кога имал бачило на Шар Планина, станал соработник на партизанскиот одред, кој материјално го помагал. Како активист бил избран за член на првиот народноослободителен одбор во селото Одри. При првата провала на Шарпланинскиот одред, меѓу другите патриоти и заднински активисти, бугарскиот фашистички окупатор го затвориле и на 21 октомври 1943 година го стрелале.[1] ПоврзаноПартизани и селани стрелани после првата провала на Шарпланинскиот одред биле ѝ: Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia