Весна Јаневска
Весна Јаневска (р. 27 јуни 1958 година во Скопје) — македонски патолог и поранешен пратеник во Собранието на Македонија. Таа е моментално Министер за образование и наука од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.[1] ЖивотописСвој придонес во областа на медицината и патологијата остварила со следниве истражувачки проекти: „Скрининг, дијагноза и постсмртно испитување на вродени дисплазии на скелетот“; „Создавање на постоперативен дијагностички и терапевски протокол кај тумори на плунковните жлезди со користење на хистопатолошки и радиолошки критериуми“; „Евалуација на ефектите од хемотерапијата кај остеосаркомите“; „Имунофенотипски и генетски профил на тумори на простата, колоректум, скелет и хронични миелопролиферативни заболувања“. Член е на Лекарската комора на Македонија, Конзилиум за Саркома при Медицинскиот факултет, Македонското патолошко друштво, Европското патолошко друштво, Македонското друштво за морфолошки науки и Македонското здружение на лекари. На 23ти Јуни 2024 г. таа стана новата министерка за образование и наука во Кабинетот на Христијан Мицкоски.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia