Малинова, како автор (музика, текст, аранжман, придружен вокал или уметнички продуцент), остварила соработки и дела кои се застапени на голем број официјални музички изданија (албуми) на македонските музичари, а дел од нив имаат и интернационални изданија.[1][2][3]
Се вклучила волонтерски во проектот „Растеме заедно“;[5] а го работела и препевот на првиот јуниорски бродвејски мјузикл изведен на македонски јазик „Ени Јуниор“.[6][7] Малинова исто така има повеќе препеви на македонски јазик, на песни од авторите Момчило Бајагиќ - Бајага, Дино Мерлин, Марија Шерифовиќ, Даниел Кајмаковски, и други.[8]
Во песните на Малинова се проткајуваат повеќе жанрови и мелодиски и зборовно, од лирски, шлагерски, поп, рок, поп-рок, раскажувачки, лесни и длабоко емоционални.[9]
Голем дел од нејзиното творештво се појавил на музичките фестивали во регионот, како што се:
Весна Малинова добила повеќе национални признанија и околу дваесеттина фестивалски награди, награди на разни музички манифестации, меѓу кои Златни Бубамари на популарноста, за најдобар композитор и текстописец и за „Албум на годината“, како и многубројни награди за најдобар текст и друго. [14]