Весна Петрушевска
Весна Петрушевска, позната и под нејзиниот прекар „Бејби“ — македонска глумица и водителка на нејзиното зборовно шоу „Вртелешка“ кое достигнало голема популарност и било емитувано повеќе години на македонска телевизија.[1] ЖивотописПетрушевска ја започнала својата глумечка кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“. Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe било емитувано неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.[1] Таа исто така глумела во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов, која ја имала својата премиера на 27 март 2016 година, во Македонскиот народен театар.[2] Таа гостyвала на ток-шоуто „Еден на Еден“ на Жарко Димитриоски на 19 март 2016 година.[3][4] Филмографија
Глумечка кариераПетрушевска глумела во голем број македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“, „Вагинални монолози“ и нејзината најпозната претстава: „Госпоѓа Министерка“, која е изведена над 150 пати.[5][6][7] Исто така, глумела во филмот Контакт, македонскиот кандидат за најдобар странски-филм на Оскарите во 2007 година.[8][9] Писателска кариераВо ноември 2016 година била издадена првата книга на Весна Петрушевска, автобиографската книга „Трофеј“, од страна на издавачкиот центар „Три“. Промоцијата на книгата била одржана на 9 ноември 2016 во хотелот „Парк резиденс“ во Скопје. Издавачкиот центар Три ја опишал книгата како: „неверојатно искрена и трогателна исповед преку која Весна ќе ја запознаеме во различни аспекти на нејзината личност од минатото и сегашноста: како машкуданесто девојче, како глумица по вокација, која никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап-комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка... Но, пред сè, како човек со големо срце“.[10] Личен животТаа има две деца. Син Кирил, и ќерка, Мина. Таа исто така има 4 миленичиња. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia