Вестерштеде
Вестерштеде (германски: Westerstede; долногермански: Westerstäe) — град и административно седиште на округот Амерланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа околу 20 километри северозападно од слободниот град Олденбург. Познат е по одржувањето на фестивалот „Родо“, што е најголема изложба на рододендрони во Европа. Фестивалот се одржува на секои четири години. ГеографијаВестерштеде се наоѓа околу 20 километри северозападно од Олденбург на сојузниот автопат А28 и на околу 30 километри од градот Лер. Градски единициГрадското подрачје на Вестерштеде се состои од 49 градски единици: Бургфорде, Егелоге, Фелде, Фикенсолт, Гарнхолт, Гиселхорст, Халсбек, Халструп, Холриде, Холвеге со Холвегерфелд, Хилштеде, Ихаузен, Ихорст, Карлсхоф, Линсвеге, Линсвегерфелд, Манзи, Линдерн, Морбург, Нојенгланд, Охолт, Ховик, Охолтерфелд, Оленхарде, Петерсфелд, Зегерн, Тарбарг, Торсхолт, Вестерлој, Вестерлојерфелд и Вестерштедерфелд. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
ГрадоначалникГрадоначалник на градот Вилдесхаузен е Михаел Реснер (UWG). Збратимени градовиВестерштеде е збратимен со следниве градови:[4] СообраќајЖелезничката станица во Вестерштеде се наоѓа во селото Охолт, 6 километри јужно од градот. Низ станицата поминуваат возови до Лер и Олденбург на секој половина час. Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia