ВестминстерЗа други значења на поимот, погл. Вестминстер (појаснување).
51°29′58″N 0°08′00″W / 51.4995°N 0.1333°W
Вестминстер (анг. Westminster) — реон во централниот дел на Лондон, Англија, кој се наоѓа во рамките на Град Вестминстер. Тука се наоѓа Вестминстерската палата како и Британскиот парламент. Вестминстер се наоѓа југозападно од Сити и 0,8 км југозападно од Черинг Крос. ИсторијаИсториски името на местото се користело за околината на Вестминстерската опатија – Западниот Минстер (манастирска црква), по која овој регион го добил името – која е седиште на властите на Англија веќе илјада години. Името се користи и за поголемиот Град Вестминстер во кој од 1965 спаѓаат и некогашните околии Св. Мерилебон и Падингтон. Историската срцевина на Вестминстер е некогашниот остров Торни на кој е изградена опатијата. Таа станала традиционалното место за крунисување на кралевите на Англија. Соседната Вестминстерска палата станала главната кралска резиденција по норманските освојувања на Англија во 1066, а потоа била и дом на Парламентот и судовите во развој. Иако монархот има силно присуство во Град Лондон во облик на Лондонската кула, тој впрочем не живеел таму (заради нечистата и нездрава околина). Така Лондон добил две засебни средишта – стопанско во Град Лондон и политичко/културно во Вестминстер, каде бил кралскиот двор. Оваа поделба е мошне очигледна и денес. Подоцна монархијата се преселила во дворци по другите делови на градот, а судовите Кралските Судови, близу границата со Град Лондон. Овој реон и денес е административен центар, со Парламентот во Вестминстерската палата, а реиси сите други владини институции во и околу Вајтхол. Така, зборот „Вестминстер“ се користи како кратенка за Парламентот и политичката заедница на Обединетото Кралство. Како резултат на тоа, зборот се користи и за таканаречениот Вестминстерски модел на парламентарно демократско управување кој се развбил тука. Овој модел е прифатен од разни земји, особено оние од Комонвелтот и други земји во состав на некогашната Британска Империја. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia