Полиција![]() ![]() Полиција — тело на организирани службеници за одржување на граѓанскиот ред и јавната безбедност, примена на законот и истражување на криминалот. Заедничките одлики на повеќето полициски сили вклучуваат квазивоена организација, униформирани патроли и сили за контрола на сообраќајот, и цивилна облека на начин на одделенијата за криминална истрага и група на приоритети за применување кои се рефлектираат на животот во заедницата. Управувањето на полицијата може да биде централизирано на државно ниво сè до долу, или децентрализирано со локални полициски сили со широка автономија. Регрутите обично добиваат специјализирана обука и полагаат испит. Современите метрополитенски полиции почнуваат со сер Роберт Пил во Британија од 1829 година. Тајните полиции најчесто се одвоени тајни организации, востановени од националните влади за да ги одржуваат политичката и општествената правилност, која вообичаено дејствува со малку или нималку ограничувања.[1] Како настанала современата полицијаПостојат тврдења кои покажуваат дека таа настанала во Англија. Во Лондон 1829 г. е усвоен Закон заснован на Метрополитна полиција заснована на начелата на познатиот англиски политичар Сер Роберта Пила. Тоа се дванаесет правила, кои гласат: - полицијата мора да биде стабилна, ефикасна и организирана по војната установа - полицијата мора да биде под контрола на Владата - отсуството на злостор е најдобриот доказ на ефикасноста на полицијата - проносливост на информацијата е од многу големо значење - распоредот на полициските сили, како и времето и просторот е многу значаен - најважна особина на полицискиот офицер е совршената смиреност - добриот изглед на полицијата е важен за почит - посветеноста и обученоста на правите личности е корен на ефикасноста - барања за јавна сигурност налагаат дека на секој полицаец ќе му биде доделен број - поради доступноста, управата на полиција ќе биде централизирана - полицијата се ангажира на основа по резултатот кој е постигнат на пробниот период - полициските извештаи се важни бидејќи од нив зависи распоредот на полициските сили Овие правила се конструирани во времето кога Енглеска била хаотична држава во која главниот град Лондон е било легло на криминал кој дотогаш бил во невидени размери. До тогаш јавниот ред е бил во други раце, па се тражело нов модел на организацијата на полицијата, затоа што не се сите магистрати корумпирани и мрзливи, но не сакале сериозно да ја вршат својата работа. По усвојување на законот дојдено е до радикални промени. „Пилер“ и „Боби“ се полициски сили и први полицајци во Енглеска со постојана плата, а имаат добиено и сини униформи и црни шешири. Седиштето се менувало повеќе пати, додека во 80-тите годинина 19 век не се всели во зградата која е позната под називот Нов Скотланд Јард. На почетокот, задача на „боби“ е превенција на злосторот. Со таквите идеи е создадена првата модерна полиција, чиј модел е проширен прво во САД, Канада и Австралија, а подоцна и во другите држави. Град без полицијаПолиција, од самото настанување, е предмет на многу проучување, но и успорувања. Многу од претставниците и други тврдат дека полицијата воопшто не е потребна. Други, кои со оваа логика не се сложуваат, тврдат дека тоаби довело со хаос. Во Монтреал, на 7 октомври, 1969 година, скоро сите полицајци ( вкупно 3.784 ) штрајкувале 17 часа, бидејќи биле незадоволни од ниските плати. Единствената сила која го воспоставувала редот биле многу мал број на полицајци кои не се дел од синдикатот. Сведоците кажуваат дека било многу тешко да се замисли хаос, ограбување и насилство кои се случувале кога отсуствувало регуларната полициска сила. При крајот на денот, 48 луѓе биле тешко повредени во нередите, а дваица го изгубиле својот живот. Останатите деликти, како што се ограбување на банки и разбојништва се извршувале 10 до 12 пати почесто. Вкупната штета е причинета повеќе од милион долара. Слични последици предизвикало и штрајкот во Бостон, одржан 1919 година. Од друга страна, штрајкот на полицијата кој траел 6 дена во Њујорк 1971 година, не е забележан посебен неред. Слично се случило и со штрајкот на лондонските полицајци 1918 година, кога со нарушување на јавниот ред и мир вршеле единствено полицијајците - демонстранти. СтресРаботата на полицијата е еден од најтешките работи во ова време. Бидејќи тие треба да бидат спремни на се. Стресните ситуации на кои се изложени при работата влијаат и на нивната психичка, емоционална состојба, како на нив, така и на нивните најблиски - пред сè на нивните семејства. Вработените понекогаш го менуваат местото на работа, се соочуваат со емоционална исцрпеност, наидуваат на луѓе кои не го вреднуваат нивниот труд, се наоѓаат во различни ситуации. При работат среќваат алкохолизирани лица, кој претставува еден од најтешките проблеми со кои се соочуваат. Затоа бројот на самоубиста кај припадниците од полиција е зголемен на 1,8 пати повеќе од просечниот граѓанин. Понекогаш некои случаи се прикриваат, и се заведуваат како несреќен случај, сè со цел да се прикријат самоубиствата на колегите. Стресот е повржан и со употребата на сила, бидејќи претставува една од најзначајните одлуки на оваа занимање, а тоа е да повредат, да одземат живот и слично. ОпасностиНосењето оружје е едно од основните правила, кои служат за да се заштитат полицајците при вршењето на работата, бидејќи се изложени на многу опасности. Но сепак, оваа работа е една од најопасните. Животот на полицаецот е во најголема опасност при фаќањето на тешки криминалци, но има и голем број на загинати при воспоставување на нарушениот мир. Работа на полицијатаРаботата на полицијата во прв ред опфаќа:
Полицијата како тема во уметноста и во популарната култураПонекогаш, полицијата се јавува и како тема во уметноста и во популарната култура. Полицијата како тема во филмот
Полицијата како тема во книжевноста
Полицијата како тема во популарната музика
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia