Вестминстер (град)
Град Вестминстер (англ. City of Westminster) е околија (borough) во Лондон, Англија со статус на град. Се наоѓа западно од Сити и северно од реката Темза, и обликува дел од Потесен Лондон и најголем дел од лондонското централно подрачје. Во градот спаѓа речиси сет лондонски Западен Крај и седиштето на владата на Обединетото Кралство, со Вестминстерската палата, Бакингемска палата, Вајтхол и Кралските Судови. Во 1965 оваа околија била создадена од некогашниот региони Метрополска околија Св. Мерилебон, Метрополитенска околија Падингтон и помалиот Град Вестминстер. Покрива многу поголем простор од првичниот Вестминстер. ДемографијаОколијата брои 198,779 жители, но некои проценки велат 220,000. 73% од населението е бело, 4% црни Африканци 3% индици. 35% од домаќинствата го поседуваат станот во кои живеат. ПолитикаГрадот се дели на 20 кварта.Советот е составен од 48 Конзервативци и 12 Лабуристи. ОкрузиГрадот Вестминбстер ги покрива следниве окрузи сосема или делумно:
Знаменитости![]() Во Вестминстер се наоѓаат многу од лондонските атракции. Некои од нив се Бакингемската палата, Вестминстерската палата (Домови на Парламентот) и Големиот Бен и блиската Вестминстерска опатија. Паркови и отворени местаОвие се Грин Парк, Хајд Парк, Кензингтонски градини, Регентов Парк и Сент Џејмсес Парк, ![]() СообраќајМостовиОвие се Челзиски мост, Катедрален мост, Хангерфордски мост, Гросвенорски мост, Ламбетски мост, Воксалски мост, Ватерлуски мост и Вестминстерски мост. Главни железнички станициОвие се Черинг Крос, Мерилебон, Падингтон и Викторија. Лондонско метроГрадот Весминстер го опслужуваат 27 метро станици, и 10 од 12 подземни линии (Источнолондонската линија и Ватерлу и Сити се исклучоци). Универзитети
Галерија
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia