Ветерски манастир
Ветерски манастир наречен „Св. Јован Ветерски“ или „Св. Јован Крстител“ — православен манастир кај селото Ветерско, Општина Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. МестоположбаМанастирот се наоѓа северозападно од селото, на подножјето на ридестата месност Осој, на стотина метри од патот Велес - Скопје (магистралата А1). Преку автопатот и реката Пчиња, на запад се наоѓа Кожленскиот манастир („Рождество на пресв. Богородица“). ИсторијаЗасега не се пронајдени писмени извори за настанокот на манастирот. Се претпоставува дека византиско време поради архитектонските одлики на манастирската црква „Св. Јован Крстител“. Според натписот над црковниот влез, храмот е „изграден“ во 1670 г. под водство на епископот Јосиф Велешки. Натписот е на црковнословенски, што покажува дека владиката, иако бил Грк, дозволувал да се пишува на словенски. Веројатно е дека година храмот бил само обновен, бидејќи во тоа време турските власти ретко дозволувале подигање на нови христијански храмови.[1][2] ЦркваМанстирската е мала и е темна. Околу црквата има конак, камбанарија и други придружни градби. Слики
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia