Општина Велес
![]() ![]() Велес — општина во Македонија. Се наоѓа во централното подрачје на државата и низ нејзе тече реката Вардар и поминуваат меѓународниот автопат Е-75 и меѓународната железничка пруга кон Солун. Административен центар на општината е градот Велес. Намалена е општината со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година. ГеографијаОпштина Велес се наоѓа во средишна Македонија, во Вардарскиот Регион. Се граничи со Општина Петровец на север, Општина Зелениково и Општина Чашка на запад, Општина Градско на југ и Општина Лозово и Општина Свети Николе на исток. ДемографијаСпоред пописот од 2002 година, Општина Велес броела 55.108 жители од кои:[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Општина Велес брои 48.914 жители, од кои:
Општина Велес зафаќа површина од 427,45 км квадратни и има 128,92 жители на км квадратен густина на населеност. Во составот на општината се и 30 села: Башино Село, Белештевица, Бузалково, Ветерско, Горно Каласлари, Горно Оризари, Долно Каласлари, Долно Оризари, Иванковци, Карабуниште, Клуковец, Крушје, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Новачани, Ново Село, Ораовец, Отовица, Раштани, ’Рлевци, Рудник, С’лп, Сливник, Сојаклари, Сопот, Црквино, Чалошево и Џидимирци. Историски села: Влахчани, Дуган, Еленоводица и Чука. Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на општина Велес е Аце Коцевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2000-2009. Советот на општина Велес е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 12 места ВМРО-ДПМНЕ: 11 места Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортФК Борец (Велес), оформен 1926 година, е најпознатиот фудбалски клуб од Велес, долги години игра во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига), а од него ќе излезат голем број на познати фудбалери, како Илчо Боров, Панче Ќумбев, Зоран Паунов итн. Моментално клубот се натпреварува во 2 МФЛ - Јужен регион. ФК Металург (Велес), е вториот велешки фудбалски миленик. Повеќе сезони има играно во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига). РК Борец (Велес), клубот во кој својата кариера ја почна нашиот најпознат ракометар, Пепи Манасков. ОК Борец (Велес), го има освоено одбојкарскиот куп во 1993 година ИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia