Вејлон Џенингс
Вејлон Арнолд Џенингс (англ. Waylon Arnold Jennings;15 јуни 1937 – 13 февруари 2002) ― американски пејач, текстописец, музичар и глумец. Тој бил меѓу највлијателните американски кантри музичари од дваестетиот век и се смета за еден од пионерите на движењето на одметниците во кантри-музиката кое се спротивставувало на традиционалниот, комерцијализиран нешвилски звук. Во 2001 година, бил примен во Куќата на славните на кантри музиката. Во 2007 година, постхумно му била доделена наградата „Клифи Стоун“ од страна на Академијата за кантри музика. Живот и кариераЏенингс бил роден на 15 јуни 1937 година, во близина на Литлфилд во Тексас. Почнал да свири гитара на осум години. На четиринаесет години работел како диск-џокеј во радиото KVOW, по што ја основал неговата прва група, Texas Longhorns. Почетоци во музикатаНа 16-годишна возраст, Џенингс се откажал од средното училиште во Литлфилд.[2] По напуштањето на училиштето, работел во семејната продавница и како изведувач и диџеј во радијата: KVOW, KDAV , KYTI , KLLL. Во тој период се запознал Бади Холи,[3] кој ја организирал првата сесија за снимање на Џенингс, насловена како Џоле Блон и го ангажирал да свири на бас-гитара за време на неговата турнеја.[4] Вејлон како дел од турнејата на Холи требало да лета со приватниот авион кој се се срушил на 3 февруари 1959 година, при што загинале Бади Холи, Ричи Валенс и Џеј Пи "Биг Бопер" Ричардсон.[5] Џенингс му го отстапил своето место на Валенс, што му го спасило животот. Овој трагичен настан оставил длабок белег на неговата психа, а често го споменувал во неговите подоцнежни интервјуа. Подем во кариератаПо несреќата Џенингс се вратил во Тексас и направил пауза од музиката. Во 1961 година се преселил во Аризона каде што основал рокабили-група, Waylors,[6] која станала резидентна група во "JD's", клуб во градот Темпе во Аризона.[7] Во 1961 година потпишал договор со независната издавачка куќа Trend Records, а во 1963 година се преселил во A&M Records. Немал значаен успех додека не се преселил во RCA Victor во 1965 година. Откако добил креативна слобода во RCA Records, Џенингс ги издал критички пофалените албуми: Lonesome, On'ry и Mean и Honky Tonk Heroes , а потоа следувале хит-албумите Dreaming My Dreams и Are You Ready for the Country. Во 1970-тите, Џенингс бил дел од движењето „кантри-одметници“, заедно со Вили Нелсон, Џони Кеш и Крис Кристоферсон. Ова движење било реакција против претерано контролираниот и полиран звук на кантри-музиката од Нешвил. Џенингс станал познат по неговиот поостар звук, послободен стил на снимање и експериментирање со рок-елементи. Албумите како „Lonesome, On'ry and Mean“ (1973) и „Honky Tonk Heroes“ (1973) станале етикета за неговиот стил. Најголеми успесиЕден од најголемите успеси Џенингс ги забележал во 1976 година со албумот „Wanted! The Outlaws“, кој го снимил заедно со Вили Нелсон, Џеси Колтер и Томпал Глејсер. Овој албум станал прв кантри-албум кој бил продаден во над милион примероци.[8] Џенингс исто така постигнал значителен успех со хитот „Luckenbach, Texas (Back to the Basics of Love)“ во 1977 година, кој стигнал до прво место на топ-листите за кантри-музиката. Заедно со Вили Нелсон, Џенингс го снимил дуетот „Mammas Don't Let Your Babies Grow Up to Be Cowboys“, кој исто така постигнал огромен успех и стигнал до прво место во 1978 година.[9] Подоцнежна кариераВо средината на 1980-тите, Џони Кеш, Крис Кристоферсон, Вили Нелсон и Џенингс основале супергрупа под името Highwaymen.[10] Освен неговата работа со Highwaymen, Џенингс објавил албум WWII (1982) со Вили Нелсон.[11] Се појавувал во филмови и телевизиски серии, вклучувајќи ги: Сезамовата улица[12] и како наратор во Војводите од Хазард. Личен живот и здравствени проблемиЏенингс се женел четири пати и имал шест деца.[13] Во 1969 година, се оженил со пејачката Џеси Колтер, со која останал во брак до неговата смрт. Заедно имале еден син, Шутер Џенингс, кој исто така станал музичар.[14] Во текот на 1980-тите години, Џенингс се борел со зависност од дрога, особено од кокаин,[15][16] што негативно влијаело на неговото здравје и кариера.[17] Сепак, во 1984 година, тој успеал да ја победи зависноста и се посветил на одржување на неговото здравје.[15] Вејлон Џенингс починал од компликации предизвикани од дијабетес на 13 февруари 2002 година во Чендлер, Аризона, на 64-годишна возраст. [18] Погребан бил во блискиот град Меса.[19] На неговата комеморација на 15 февруари, Џеси Колтер ја отпеал песната „Storms Never Last“.[20] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia