Википедија:Археоекспедиции 2016
Во текот на 2016 година се организирани три археоекспедиции, со која се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:
Одржани експедицииТауресиум и Бадеријана![]() ![]() Првата археоекспедиција во 2016 година била одржана на 5 март (сабота), при што биле посетени два блиски археолошки наоѓалишта со огромно значење за историјата. Наоѓалиштата биле „Бадеријана“ и Тауресиум“ во непосредна близина на истоимените села Бадар и Таор, во близина на градот Скопје. Членовите на експедицијата, составена од Македонец, Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Petrovskyz, се упатила утрината со автомобил кон двете одредишта. Експедицијата е од исклучително значење особено поради посетата на локалитетот „Бадеријана“ за кој во научната и општата јавност во Македонија се знае малку и воопшто не беше илустриран, поради која беше и главната причина за негова посета. Овој локалитет претходно беше посетен во истражувачки поход, една недела претходно, од страна на членовите Македонец и Ehrlich91, за да точно се утврди неговата местоположба. Посетата на локалитетот „Тауресиум“ беше со цел обновување на неговите фотографии, нивниот квалитет и бројност.
ФотографииСите фотографии направени за време на археоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Марково КрувчеВтората експедиција за 2016 година се одржала на 13 октомври, кога Македонец, сам се упатил кон остатоците и ископините на средновековната тврдина од типот збег Маркови Кули во месноста Марково Крувче на источниот крај на падината на планината Водно над Скопје. Не местото биле направени бројни слики не само до главните ѕидини на тврдината кои беа неодамна истражувани, туку и повеќе други остатоци од ѕидини и темели во внатрешноста на наоѓалиштето, кои се тешко забележливи поради обранатост со трева и растенија. Со прикачените слики значително е збогатена постојната статија која претходно содржела само слики од рачно направени скици на ѕидините и објектите во тврдината
ФотографииСите фотографии направени за време на археоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Транупара (Коњух)![]() Третата експедиција за 2016 година се одржала на 26 октомври, кога Македонец и Иван Ж се упатиле кон пределот во околината на селото Коњух во Кратовско, при што го посетиле археолошкото наоѓалиште Големо Градиште, кое со своите 17 хектари површина е најголемиот и досега најдобро истражен град од 6 век во североисточниот дел на Македонија, поради што се претпоставува дека тоа е местото каде што се наоѓал античкиот римски град Транупара обележан во познатата римска карта Појтингерова табла. Експедицијата е од исклучително значење особено поради посетата на овој локалитетот кој содржи многу бројни значајни, занимливи и знаменити пронајдоци како како големи утврдени објекти, базилика, кружна-црква ротонда, акропола, ранохристијанска црква за кои во научната и општата јавност во Македонија се знае малку и воопшто не се илустриран, поради која беше и главната причина за негова посета.
ФотографииСите фотографии направени за време на археоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia