Википе-тан со метла е маскотата на ВикиПроект Одржување
Овој проект служи за организација на одржувањето на Википедија. Најголемиот дел од одржувањето на овој проект се состои во набљудувањето на промените кои секојдневно се прават и во поправка на оние промени кои се погрешни или неконструктивни. Исто така, овој ВикиПроект служи за организирање на волонтери за најразлични иницијативи за подобрување на Википедија, како на пример, расчистување на постари статии на кои им треба внимание. Иако одржувањето се подразбира како задолжение на администраторите, секој може да даде придонес. Впрочем, ни треба вашата помош! Вклучете се во одржувањето и помогнете ни да ја подобриме Википедија на македонски јазик.
Како да ја користам оваа страница?
Во продолжение на оваа страница се опишани задачи кои треба извршат. Задачите се подредени најпрво по итност на 1) секојдневни, 2) неделни и 3) долгорочни. Понатаму, задачите се поделени по важност: повеќето задачи имаат реден број, упатство за она што треба да се сработи и задебелена врска која води до некоја службена страница или категорија која помага во одржувањето. Некои задачи се ограничени за само за корисници со одредени права, па затоа се обележани вака*. Пожелно е најпрво да се средат најитните и најважните работи.
Совет: Откако ќе станете поискусен и подобро запознаен со подолните задачи, искористете ја оваа предлошка за побрз пристап: {{Вики-Одржување}} (или {{ВП:ОД}}). Можете дури и да го ставите во вашиот кориснички простор (на пр. корисничка страница) за често да го гледате (видете ја документацијата на предлошката за повеќе информации).
Приклучете се на заедницата! Ако редовно го вршите одржувањето, слободно ставете се во списокот на учесници. Ова ќе овозможи да добивате известувањa околу проектот и покани за одржувачки акции. Исто така, можете да го користите списокот за да ги контактирате другите учесници, а и другите да ве контактираат Вас. Можете дури и да ја покажете Вашата поддршка кон проектот со ставање на корисничката кутија {{Корисник ВП:ОД}}.
Статиите кои не се проверени се обележани со жолта боја. Потребно е:
Да се провери дали новата страница е енциклопедиска статија (напишана на кирилица) или тест-уредување/вандализам. Ако е последното (или не е на кирилица), брзо да се избрише/обележи за бришење, а создавачот да се извести:
Предлошки за обележување за бришење:
{{бб|[[ВП:КББ#ОП1]] — Материјал без смисла}}
{{бб|[[ВП:КББ#ОП2]] — Тест страница}}
{{бб|[[ВП:КББ#ОП3]] — Чист вандализам}}
Не заборавајате да го известите создавачот!
Администратори: ако веднаш ја избришете страницата (без ознака), известете го создавачот преку:
{{subst:добредојде-анон-вандал2|(причина)|(вашето кор. име)}} - за вандализам од IP-адреса;
{{subst:добредојдетест|(вашето кор. име)}} - за тест-уредување на неискусен уредувач;
{{subst:првастатија|(наслов на страница)|(вашето кор. име)}} - за избришана статија на нов корисник
Обележете со: {{бб|[[ВП:КББ#СТ3]] — Статија за вистинско лице, организација (бенд, клуб, компанија итн.), веб-содржина и слично која не индицира зошто темата е важна или позната}}
Ако статијата е значајна, треба да се уреди така што ќе ги исполнува следниве критериуми:
—Неконструктивните уредувања се најчесто правени од анонимни уредувачи;
—Анонимните уредувачи се честопати неискусни и прават грешки при добронамерното уредување;
Ако еден анонимен уредувач прави повеќе корисни придонеси, охрабрете го да се регистрира:
Додадете: {{subst:регистрирајсе|(вашето кор. име)}} на неговата страница за разговор;
Ако уредувањето е вандализам, вратете го и предупредете го уредувачот:
Додадете: {{subst:добредојде-анон-вандал2|(име на страница)|(вашето кор. име)}} на неговата страница за разговор;
Ако уредувачот продолжи со вандализам, пишете му кратка и учтива порака во која по втор пат ќе му укажете дека неговите придонеси се неконструктивни и советувајте да прекине со таквото уредување;
Ако сте администратор, блокирајте ја IP-адресата за 24 часа со отклучена можност за создавање на корисничка сметка (ИСКЛУЧОК: при упорен, сериозен и масовен вандализам - на повеќе страници - блокирајте ја IP-адресата на 3 дена без можност за создавање на корисничка сметка).
(забелешка) Погорната постапка е идентична и за вандализам од регистрирани корисници.
Ако сликата нема ниту извор, ниту лиценца (што често се случува), направете ги и двете претходно спомнати постапки.
Неделни задачи
Неделно Вики-Чистење!
Уредувачка акција во која волонтери се собираат на Википедија секој викенд во исто време и заеднички средуват статии кои имаат потреба од внимание. Целта е целосно да се испразни Категорија:Статии за средување (сите статии кои ја имаат предлошката {{внимание}}). Моментално, во категоријата има 2.127 страници!
Учесниците добиваат ВикиНаграда за учество, а најдобриот уредувач добива дополнително признание. Собирајте ВикиНагради за изборот на највредните корисници на крајот од годината.
Статии за преместување(8 страници) — ако има потреба од преименување на статијата (види конвенции), тогаш таа треба да се премести во нов наслов;
Статии за преведување(146 страници) — ако текстот кој не е на македонски јазик не се преведе за една недела, тој треба да се отстрани.
Долгорочни задачи
—Извршувањето на овие задачи не е итно, но е важно повремено да се извршува за да се зголеми содржината со подобар квалитет и да се спречи натрупувањето на проблеми.
Одржување на статии
Страници со промени во исчекување* (*достапно само за корисничката група „уредувачи“) — со тек на времето се создава голем застој на непрегледани промени. Овие промени не се прикажуваат на страницата, иако во најголем дел се корисни. Затоа, нивната проверка е приоритетна.
Ни треба вашата помош! Вклучете се во одржувањето и помогнете ни да ја подобриме Википедија. За повеќе информации, прво видете ја главната проектна страница (на горната врска).
Дали е статија (на кирилица)? Дали е доволно значајна? Дали има проблеми? Дали има најосновно вики-форматирање?
{{бб|[[ВП:КББ#ОП1]] — Материјал без смисла}}
{{бб|[[ВП:КББ#ОП2]] — Тест страница}}
{{бб|[[ВП:КББ#ОП3]] — Чист вандализам}}
{{бб|[[ВП:КББ#СТ3]] — Статија за вистинско лице, организација (бенд, клуб, компанија итн.), веб-содржина и слично која не индицира зошто темата е важна или позната}}