Википедија:Значајност
На Википедија, значајноста е тест од уредувачите за одредување дали некоја тема може да има своја статија. Информациите на Википедија мора да бидат проверливи; ако не можат да се најдат доверливи извори кои се независни од темата, тогаш таа тема не треба да има засебна статија. Концептот за значајност на Википедија го применува овој основен стандард за да се избегне недискриминирачко внесување на теми — Википедија не е збирка на секакви информации, без критериум. Статиите и списоците мора да бидат значајни, или „вредни за забележување“. Одредувањето на значајноста не зависи на работи од типот на слава, важност или популарност — иако овие работи можат да ја зајакнат прифатливоста на темата ако таа ги исполнува критериумите исполнети подолу. Општ стандард за значајностаПри одредување на значајноста важи следново правило:
Ако некоја тема ги задоволува критериумите, тогаш таа може да има засебна статија. Доколку некоја тема задоволува само некој од критериумите, подобро е таа да се најде во рамките на друга, веќе постоечка статија. Значајноста подразбира проверлив доказЗаедничка тема во стандардот за значајност е барањето за проверлив, објективен доказ за да се поддржи тврдењето дека одредена тема е значајна. Значајниот опфат во веродостојните извори подразбира објективни докази, како публикувано рецензирано признание и други фактори. Бришење на статии чија значајност е предизвиканаАко статијата на некоја тема нема значаен опфат од веродостојни и независни извори, а се доведе во прашање нејзината значајност, тогаш се бара од создавачите на статијата и/или поголемите придонесувачи кон содржината да приложат такви извори за да го оправдаат постоењето на таа статија. Ако такви извори не се појават во разумен временски период, статијата треба да биде избришана. Статиите на Википедија не се финална верзија, туку се во процес на постојана еволуција, а темата на некоја статија може да биде значајна ако такви извори постојат, ама сè уште не се наведени. Сепак, кога значајноста на статијата ќе биде предизвикана, сугестијата дека неодредените извори постојат е ретко убедлива, особено ако времето минува и не се појавува конкретен доказ за тоа. Ако заедницата процени дека навистина можат да постојат значајни независни извори за темата, тогаш треба да се почека со бришењето. Значајноста не е привременаЗначајноста не е привремена, ако е нешто значајно сега, треба да е значајно и по десет години, на пример. Но, кога еднаш ќе се утврди дека некоја статија е значајна според темата за да постои на Википедија, сепак дозволено е одвреме-навреме да се проверат доказите за значајност: за некоја статија ќе се утврди дека сепак е за бришење, за друга може да се утврди дека постојат посигурни докази за нејзината значајност. Затоа, статија може да биде предложена за бришење после месеци или години откако еднаш била прифатена. Исто така една статија може да биде создадена повторно доколку нови докази укажуваат на нејзината значајност. Значајни теми кои привлекуваат внимание во текот на доволно значаен временски периодВикипедија е показател за значајност во минатото. Исто како што економскиот показател покажува што правела економијата во минатото, темата е забележителна во термините на Википедија само ако надворешниот свет веќе ја забележал. Откако ќе се воспостави, значајноста не е привремена. Вестите можеби не се доволен показател за значајност. Сепак, подолговремно појавување на вести веќе е показател за значајност, како што е опишано со значајноста на настаните. Новите организации и идни настани може да ги поминат критериумите за значајност, но немаат доволно покриеност за да се задоволат критериумите кои велат дека Википедија не е весник, а сепак мора да се задоволат критериумите за Википедија не е рекламен простор. Ако изворите покриваат лице само во контекст на еден настан, и ако тоа лице е, и најверојатно ќе остане, поединец со низок профил, генерално треба да избегнуваме да имаме биографска статија за таа личност. Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia