Добре дојдовте на Вики ја сака храната 2017 Македонија
Видеоупатство за прикачување слики на Ризницата
Вики ја сака храната (англиски: Wiki Loves Food; WLF) — натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за храната, традиционалните јадења и специјалитети во Македонија. Натпреварот беше прв пат организиран во 2015 г. од страна на Викимедија Индија, додека во 2017 за прв пат ќе се спроведе и во Македонија.
Целта на натпреварот?
Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од македонските национални јадења, специјалитети и воопшто храна.
Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!
Приказ на патот на една фотографија до Википедија, преку слободна лиценца на Ризницата
Награди!
Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:
Прва награда – денарска противвредност во бруто-износ од 400 евра;
Втора награда – денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
Трета награда – денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра; и
Четврта награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра.
Сите фотографии кои ќе бидат дел од натпреварот, потоа ќе бидат искористени во статиите за самите јадења и специјалитети, кои што ќе се создаваат, подобруваат и уредуваат во рамки на уредувачките потфати како што се Уредувачки маратон на тема „Македонска кујна“ кој ќе се одржи во рамки на свечениот настан за доделување на наградените фотографии, организирано во заедничка соработка со „Слоу Фуд“ Водно и Уредувачки натпревар кој ќе се орджи во наредниот период по завршувањето на овој фотографски натпревар. Уредувачките потфати се отворени за учество од страна на сите заинтересирани регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик.
Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од храна и јадења од Македонија, а потоа, прикачете ги на Заедничката ризница со слободна лиценца преку образецот за прикачување слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката(види во правилата);
Фотографијата мора да прикажува готово македонско традиционално јадење. Ги препорачуваме оние кои се наведени во списокот подолу, но слободно може да сликате традиционални јадења кои ги знаете вие или се од вашиот крај, а не се наведени во списокот подолу.
Фотографиите треба да бидат во оригинална големина (без компресија) и не треба да содржат дигитален жиг или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
Фотографиите мора да бидат прикачени на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Заедничката ризница. (Отворање на корисничка сметка е можно да направите и на Википедија на македонски јазик при што со истата може да пристапите и на Заедничката Ризница)
Секоја прикачена фотографија мора да биде прикачена под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0.
Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 1 ноември 2017 во 0:00:00 часот и 30 ноември 2017 г. во 23:59:59 часот.
Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот.
Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
Сликите мора да имаат соодветен, описен наслов. Задолжително е за сликите да се додаде опис на она што е сликано (пр. името на самото јадење, специјалитет)
Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на формуларот на оваа врска: Пријава за учество. Учесникот треба да го наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Commons, како и е-пошта и телефонски број за контакт.