На овие статии им е потребно чистење. Поправете ја нивната содржина, воведете енциклопедиски стил, додадете соодветнивнатрешни врски и подобрете го нивниот квалитет.
Не помалку важно е да учествувате во промовирање на Википедија пред вашите пријатели и на вашите интернет страници. На ваков начин ќе добиеме уште повеќе нови уредувачи кои ќе помогнат во подобрувањето и зголемувањето на содржините на македонската Википедија, а со тоа ќе се искачиме повисоко на листата на Википедии.
Доколку сте решени да станете дел од македонската Википедија, тогаш ви го препорачуваме почетниот курс или едноставно обидете се да направите нешто во нашиот песок.
Википроекти
википроект е збирка на страници посветени на менаџментот на определена тема или семејство на теми во рамките на Википедија, а истовремено и група на уредувачи кои ги користат тие страни да соработуваат на енциклопедиска содржина. Тоа не е место каде директно се пишуваат статии, туку ресурс кој помага при организацијата на пишување и уредување на статии. На македонската Википедија постојат следниве википроекти:
Доколку Ве интересира определена тема, можете слободно да се зачлените во листата на учесници кај определениот википроект, а потоа ќе добиете повеќе информации за тоа како можете да помогнете.