Википедија:Слики![]() За да ја добиете оваа кутија, внесете: [[Податотека:Пример.png|мини |алт=Пример за алтернативен текст |Пример за опис]] Википедија содржи милиони илустративни слики и други електронски медиуми. Оваа страница накратко објаснува како се користат слики на Википедија. Повеќе информации ќе нјадете на страниците Правила за употреба на слики и Подигање на слики. Нагодувања на сликите
Најавените корисници можат да наместат своја стандардна големина на минијатурите во „мои нагодувања“, поточно во делот „податотеки“ под јазичето „Изглед“. Стандардната големина во сликите им се прикажуваат на ненајавените корисници е 220 пиксели. Најавените корисници можат да си изберат големина од 120п, 150п, 180п, 200п, 220п, 250п или 300п. Во истиот дел „Податотеки“ може да се ограничи и големината на сликите како што се прикажуваат на нивните страници за опис (т.е. кога ќе стиснете на минијатурата). Стандардното ограничување диктира дека ако ширината или должината надминуваат 800п односно 600п, тогаш сликата се намалува за да одговара на тие димензии. Ова ограничување може да се измени за да изнесува 320×240п, 640×480п, 800×600п, 1024×768п, 1280×1024п или 10000×10000п. Ако ја одберете последната можност, тогаш сите слики ќе се прикажуваат какви што се, во полна големина. Употреба на сликите
Сликите подигнати на Википедија автоматски се поставуваат во именскиот простор „Податотека“ (порано „Слика“). Ова значи дека страниците на сликите почнуваат со претставката „Податотека:“. За да вметнете слика во статија, ќе треба да употребите синтакса за слики. Прост пример за ова е горенаведената слика - за да ставите во статија, вметнете го следниов текст во статијата: [[Податотека:Пример.png|мини|Пример за опис]]
Алтернативниот текст е наменет за читателите што имаат проблеми со видот и не можат да ја видат сликата. Тој накратко го опишува изгледот на сликата, но не и нејзиното значење (за тоа служи описот). Полната палета на можности е посложена. Но речиси сите слики (со ретки исклучоци) би требало да можат да се прикажат ако го користите горенаведениот формат. Ако сликата не се прикажува, а сигурни сте дека синтаксата е исправна, ова може да значи дека сликата заведена на црн список. Напомена: Претставката „Слика:“ може да се користи за иста цел како претставката „Податотека:“. Се прифаќаат и англиските „File:“ и „Image:“, како и придружните параметри „thumb“, „left“, „right“, „center“, „px“, „alt=“ и сл. [[Податотека:Пример.png|мини|алт=Пример за алтернативен текст|Пример за опис]] Надворешни сликиВметнувањето на слики во статиите преку врски до надворешни страници (англ. hotlinking или inline linking) е оневозможено:
Затоа, дозволуваме само претходно подигнати слики. Менување на димензиите на сликитеПо правило, сликите во статиите не би требало да се поголеми од 220п. Ако постои причина да се направи исклучок, менувањето на големината се врши со вметнување на параметар во кодот на сликата, од обликот [[Податотека:Пример.png|мини|120п|алт=Пример за алтернативен текст|Пример за опис]] Поставување левоВо највеќето случаи, сликите треба да стојат на десната страна од страниците (ова е по основно). Ако постои причина да се направи исклучок, страната на приказ на сликата се менува на лево со вметнување на параметар во кодот на сликата, од обликот [[Податотека:Пример.png|мини|лево|алт=Пример за алтернативен текст|Пример за опис]] Набавка на сликиСите слики на Википедија мора да се придржуваат до правилата за користење на слики. Ова значи дека мора да можат слободно да се користат за комерцијални цели и да се менуваат. Покрај ова, во ограничени околности се дозволуваат и некои слики за праведна употреба, кои се неслободна содржина. Самоделни слики
Можете да правите фотографии со свој дигитален фотоапарат, оптички читач (скенер), или мобилен телефон, дигитално да нацртате слика или графикон, можеби со графичка табличка, или да правите слики од отсликани (скенирани) цртежи и фотографии, и потоа да ги подигнете. Избегнувајте слики со описен текст на нив. Дијаграмите и сличните слики можат да имаат текст што се однесува на она што го опишуваат, но не и сликите и цртежите. Пронаоѓање на слики од интернетСтраницата јавносопственички извори на слики содржи опширен тематски-подреден список на места од кајшто можете да преземате слики. Покрај Ризницата, постои и Алатка за пребарување на слободни слики (FIST), која автоматски дава на избор слободни слики од другите проекти на Викимедија, Flickr и неколку други мрежни места. Еве неколку други корисни општонаменски пребарувачи на слики: Google Image Search, Picsearch и Pixsta. На Википедија слободно можат да се користат слики лиценцирани од Creative Commons со ознаките „НаведиИзвор“ (Attribution) и „НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови“ (Attribution-ShareAlike). На Википедија не смеат да се подигаат слики со лиценца што ја ограничува комерцијалната употреба или правењето на изведени дела. Ако на интернет пронајдете слика што не е слободно достапна, можете да му пишете на праводржецот и од него да побарате дозвола да го преобјави под соодветна лиценца, прилагодувајќи ја постоечката молба за дозвола. Ако не можете да најдете соодветна слика, тогаш поставете барање на Википедија:Барани слики, каде може да се најде друг учесник што ќе пронајде или создаде таква слика. Побарување на слики од други кориснициПогледајте:
Подигање на слики
Најавените корисници со автопотврдени смеки (да има барем 4 дена откако се направени и да имаат барем 10 уредувања) можат да подигаат податотеки на Википедија. Се препорачува на Ризницата да се подигаат само дела под слободна лиценца, а не дела за праведна употреба. Податотеките од Ризницата се поставаат на Википедија на истиот начин како податотеките подигнати на самата Википедија. To upload media to the English Wikipedia, go to Специјални:Подигнување а за да подигнете на Ризницата, одете на тамошната страница за подигање. Претпочитаните формати на податотеките се наведени на страницата Википедија:Подготовка на сликите за подигање. Секоја слика има своја страница за опис. On that page, one should document the source, author and авторскиот правен статус of the image, користејќи ги предодредените ознаки за слики. It is important to add both descriptive (кој, што, кога, каде, зошто) и технички (користена опрема, програм итн.) информации at the time of creating the page, which will be useful and highly informative to later editors and readers. Големина (бајтажа) на сликитеВо однос на зафатнината во сметачот, сликите на Википедија се движат од неколку килобајти до неколку мегабајти во големина. Сликите заземаат највеќе проточност (поајсна широчина) при отворање на страница. Ако една страница содржи поголем број на големи слики, ова значително го забавува отворањето на страницата, особено ако читателот има нископроточна мрежна врска. Википедија се грижи сликите да бидат достапни во разумно време така што ги претвора во минијатури пред да се прикажат во страницата. За жал, не сите формати се намалуваат во бајтажа со минијатуризација. Големината на сликата можете да ја проверите со тоа што ќе отидете на неа, ќе стиснете со десното копче и ќе одберете „Својства“ (Properties). Постојат неколку формати за слики, и секој од нив има свои предности и недостатоци. Еден начин да го намалите времето на вчитување на сликата е да го смените нејзиниот формат.
Значајност и енциклопедиски карактер
Сликите мора да се однесуваат на статиите кајшто се поставаат и да бидат во голема мера релевантни на темата што ја обработува статијата. Сè со цел да се добие што покорисна содржина, сликите треба да имаат што поподробен опис на нивната содржина. Ова се внесува на страницата за опис на сликата. На пример, сликите кои се фотографии од уметнички дела се многу покорисни кога имаат придружна документација - името на уметникот, насловот на делото, местото на творење, датуми, музејски назнаки (ID-броеви) итн. На страницата треба да се наведат и доверливи извори, ако ги има. Сликите со преопшт опис (како на пр. „таблица со клинесто писмо“, „средновековен ракопис“ итн.) најчесто не се од многу голема полза за Википедија. Непристојни сликиДел од енциклопедиската задача на Википедија е и обработката на непристојни теми. Википедија не е цензурирана. Но и покрај тоа, тука не се дозволени непристојни слики, освен ако немаат особенао енциклопедиско значење. Материјалите што читателството на Википедија ги смета за вулгарни и непристојни можат да стојат само ако со нивното отсуство статијата ќе биде помалку информативна, релевантна или точна, и ако притоа не постои попристојна алтернатива за таа цел. Животен век на сликитеПо извесно време, некои од сликите ќе го достигнат крајот на својот животен век. Може да се заменат со понови и поактуелни илустрации на темата, или пак да ги одменат слики со попогодни услови за лиценцирање. Ако наидете на слика што треба да се отстрани, наведете ја на страницата Податотеки за бришење. Ако пак направите или најдете слика што се одликува со особени квалитети, ве повикуваме да ја предложите за Избрана слика. Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia