Википедија:Уредувачки маратони - Балканските војни
Во на 4 мај 2017 година се одржа уредувачки маратон со членовите на Вики Клубот, на тема Балканските војни. Членовите на Вики Клубот работеа под надзор на Корисник:Виолетова, како и под надзор на двете едукаторки историчарки, вработени во Музејот на македонската борба, Ана Вишинова и Даниела Митевска. РезултатиУредувачкиот маратон се одржа во Музејот на македонската борба, со почеток во 12 часот, и траеше помалку од три часа. На маратонот учествуваа четворица членови на Вики Клубот, кои создадоа нови статии со текстови добиени од двете едукаторки историчарки, вработени во Музејот на македонската борба, Ана Вишинова и Даниела Митевска. Беа создадени 5 нови статии за теми поврзани со Балканските војни. Учесниците на овој настан добија благодарници.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia