Википедија:Уредувачки маратони - Жените кои никогаш не сте ги сретнале
![]() Во на 7 март 2017 година се одржа уредувачки маратон со членовите на Вики Клубот, на тема Жените кои никогаш не сте ги сретнале. Членовите на Вики Клубот работеа под надзор на Корисник:Виолетова, како и под надзор на координаторот на образовната програма на ГЛАМ Македонија, Корисник:Matilda Bajkova. РезултатиУредувачкиот маратон се одржа во „Порта Македонија“, со почеток во 11 часот, и траеше околу три часа. На маратонот учествуваа шестмина членови на Вики Клубот, кои надополнуваа посточеки статии и создадоа нови, со текстови добиени од двете едукаторки историчарки, вработени во Музејот на македонската борба, Ана Вишинова и Даниела Митевска. Беа создадени 12 нови статии за жени револуционерки од Македонија, а две постоечки статии беа надополнети со текст. Учесниците на овој настан добија благодарници.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia