Клио Самарџиева
Клио (Клија) Николова Самарџиева, мажена Бобева, - македонска учителка и револуционерка, деец на ВМОРО. Животопис![]() Клио Самарџиева е родена во 1880 година во Охрид.[1] Во 1897 година завршила трет клас во Битолското женско училиште, и станала учителка во родниот град, каде работела до 1898 година.[1] Во периодот 1899 - 1900 година, работела како учителка во Баница, Леринско.[1] Се приклучила во женската организација на ВМОРО во Охрид, Успение Богородично.[2] Откако Славка Пушкарова заминала за Скопје во 1900 година, на чело на организацијата се поставени Василка Размова и Поликсена Мосинова, а Самарџиева станувала нивна прва помошничка. Учителките учествувале во организирањето на болница за ранети и болни четници во куќата на семејството на Андроник Скопакови.[3] Мосинова, Размова, Самарџиева и Константина Русинска го изработиле охридското револуционерно знаме на ВМОРО, на кое се гледа млада жена и лав кои стојат врз османлиското знаме, а во рака држат знаме на кое пишува „Слобода или смрт“. Владиката Методиј Охридски кога дознал за постоењето и активноста на револуционерната женска организација, во 1900 година ја испратил Мосинова како учителка во Пехчево, а Самарџиева во Вевчани,[4] каде таа останала до 1902 година.[1] Поради својата револуционерна дејност, Самарџиева е затворена во 1906 година во Битолскиот затвор.[1][5] Во 1907 година успеала да избега од затворот, и со помош на револуционерната организација избегала во Бугарија.[6] Тука, Клио Самарџиева активно се вклучува во општествените текови, станала член на Комитетот за поставување споменик на Климент Охридски во Софија (1935), потоа, член на Охридското женско друштво „Св. Климент“, како и член на Сојузот на Македонските културно-просветни друштва.[1] Во 1943 година ја добила наградата Дамски крст, трет степен со круна.[1] Умрела во Софија во 1957 година.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia