Википедија:Уредувачки маратони 2021
Во 2021 година биле организирани четири уредувачки маратони. Прв маратонБританска култураНа 28 јануари 2021 година е одржан семрежен уредувачки маратон на тема „Британска култура“ во периодот од 17:00 до 21:00. Настанот бил организиран во соработка со националната младинска платформа МладиХаб.
Втор маратонЧовекови праваНа 4 февруари 2021 година е одржан семрежен уредувачки маратон на тема „Човекови права“ во периодот од 19:00 до 23:00. Настанот бил организиран во соработка со непрофитната и невладина организација NECINMK. Потфатот бил дел од меѓународната иницијатива „Вики за човековите права 2021“ којашто се одржала под крилатицата „Право на здрава животна средина“ и имала за цел создавање содржини за поголема покриеност на темите поврзани со човековите права и здравата животна средина на Википедија.
Трет маратонГеографијаНа 23 февруари 2021 година е одржан семрежен уредувачки маратон на тема „Географија“ во периодот од 17:00 до 21:00. Настанот бил организиран во соработка со националната младинска платформа МладиХаб.
Четврти маратонДетски праваНа 14 април 2021 година е одржан семрежен уредувачки маратон на тема „Детски права“ во периодот од 13:00 до 16:00. Настанот бил организиран во соработка со првата детска амбасада во светот Меѓаши. Потфатот бил дел од меѓународната иницијатива „Вики за човековите права 2021“ којашто се одржала под крилатицата „Право на здрава животна средина“ и имала за цел создавање содржини за поголема покриеност на темите поврзани со човековите права и здравата животна средина на Википедија.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia