Википедија:Вики за човековите права 2021![]() Вики за човековите права 2021 — меѓународна иницијатива за одбележување на Денот на планетата Земја преку создавање содржини за поголема покриеност на темите поврзани со човековите права и здравата животна средина на Википедија. Иницијативата се одржала под крилатицата „Право на здрава житовна средина“ и вклучува меѓународен предизвик во организација на Фондацијата Викимедија во соработка со Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Програмата на ООН за животна средина и УНИЦЕФ. Во насока на поголема застапеност на темите за човековите права и здравата животна средина на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зела учество преку организирање уредувачки потфати. Меѓународната иницијатива се одржала од 15 април до 15 мај 2021 година, но заедницата на македонски јазик дополнително организирала два уредувачки маратони на 4 февруари и 14 април 2021 година. Меѓународен предизвикВо рамки на иницијативата се организира меѓународен предизвик којшто имал за цел збогатување на викимедиините проекти со содржини на теми поврзани со здравата животна средина преку создавање и подобрување статии на Википедија, додавање слики во статиите и уредување предмети на Википодатоци. Повеќе информации за тоа како можело да се учествува во предизвикот и на кој начин биле вреднувани придонесите може да се најдат на оваа страница. Награди и признанијаНајплодотворните учесници во предизвикот добиле вредносни награди од википедиината продавница, и тоа:
Следните тројца најплодотворни учесници на јазиците коишто не се службени на ООН, односно на било кој јазик освен англиски, арапски, кинески, руски, француски и шпански, добиле купон во вредност од 50 американски долари. Освен наградите, најдобрите десет учесници во предизвикот ќе добијат уверение од Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации. Наградни потфатиСите уредувачки потфати во склоп на иницијативата на Википедија на македонски јазик организирани во периодот на времетраење на меѓународната иницијатива биле дел од меѓународниот предизвик, односно придонесите на учесниците во нив биле засметани во трката за освојување награда во предизвикот. Тие се:
Забелешка: Во описот на секое уредување задолжително требало да се внесе #WikiForHumanRights. (Ова било важно за придонесите во меѓународниот предизвик да бидат пронајдени.) Уредувачки потфатиЧовекови праваНа 4 февруари 2021 година е одржан мрежен уредувачки маратон на тема „Човекови права“ во периодот од 19:00 до 23:00. Настанот бил организиран во соработка со непрофитната и невладина организација NECI NMK.
Детски праваНа 14 април 2021 година е одржан семрежен уредувачки маратон на тема „Детски права“ во периодот од 13:00 до 16:00. Настанот бил организиран во соработка со првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Животна средина![]() Во периодот 17-18 април 2021 година е одржан уредувачки викенд на тема „Животна средина“.
За создавање или подобрување на статии во врска со животната средина можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
Геолошки периоди![]() На 22 април 2021 година е одржан уредувачки ден на тема „Геолошки периоди“.
За создавање или подобрување на статии за геолошките периоди можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
Забелешка: Препорачано било изборот на статии да се врши од следната предлошка на Википедија на македонски јазик:
Еколошко право![]() Во периодот 24-25 април 2021 година е одржан уредувачки викенд на тема „Еколошко право“.
За создавање или подобрување на статии во врска со еколошкото право можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
Климатски промени![]() Во периодот 1-2 мај 2021 година е одржан уредувачки викенд на тема „Климатски промени“.
За создавање или подобрување на статии во врска со клинатските промени можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, дигитализирани и други материјали.
Активизам за здрава животна средина![]() Во периодот 3-9 мај 2021 година е одржана уредувачка седмица на тема „Активизам за здрава животна средина“.
Социјални медиумиСподелувањето на меѓународната иницијатива на социјалните медиуми било препорачано да се врши со тарабните ознаки #WikiForHumanRights, #Wiki4Climate, #EarthDay и #EarthMonth. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia