Фотографска соработка Македонија-Бразил — фотографска соработка на вимедијанци од Македонија и Бразил, која имала за цел заемно промовирање на културното и природното богатство на двете земји преку организирање изложби на слободни фотографии достапни на Ризницата. Во склоп на соработката биле приредени и уредувачки потфати во насока на подобрување на содржините за двете земји на Википедија на македонски и Википедија на португалски јазик.
Изложби
Бразил низ фотографии: Пред очите на македонската јавност
Во периодот од 13-20 октомври 2017 година, во просториите на изложбениот салон Јавна соба во Скопје, се одржала изложба на 20 фотографии кои го прикажуваат природното и културното наследство на Бразил. Преглед на фотографиите коишто биле изложени е направен во продолжение.
Фотографија
Опис
Автор
Лиценца
Природно наследство
Песочни дини во националниот парк Ленсоис-Морањенсис
Joao Iara Mesquita
CC-BY-SA 4.0
Глетка од пештерата Грута Ангелика (Ангелска Пештера) во државниот парк Тера Ронка
Rafael Rodrigues Camargo
CC-BY-SA 4.0
Поглед на карпести облици и врвот Божји прст во националниот парк Сера дос Оргаош
Carlos Perez Couto
CC-BY-SA 3.0
Внатрешноста на пештерата Ањумас во Бениту, Јужно Мато Гросо
Caio Vilela
CC-BY-SA 3.0
Познатата Педра до Капасете (Карпа Шлем) во карпестата висорамнина Пажедо де Паи Матеуш
Ruy Carvalho
CC-BY-SA 3.0
Водопадот Салтињо кај градот Костарика во Јужно Мато Гросо
Bruno Rodrigues Rausch
CC-BY-SA 3.0
Глетка од плажата Тамбаба
Dante Laurini Jr
CC-BY-SA 3.0
Глетка од плажата Качоро на островот Фернандо де Нороња
Eduardo Muruci
CC-BY-SA 3.0
Изгрејсонце над паранските борови во националниот парк Сера де Бокаина
Heris Luis Cordeiro Rocha
CC-BY-SA 3.0
Глетка од водопадите Игуасу
Mayra Villas Boas Francisco Zamulko
CC-BY-SA 4.0
Културно наследство
Претседателската палата во Дворецот Планалту
Gastão Guedes
CC-BY-SA 4.0
Улица во старото градско јадро на градот Дијамантина
Zé Rocha
CC-BY-SA 4.0
Глетка кон Рио де Жанеиро од Градскиот парк во Нитерој
Claudeney Neves
CC-BY-SA 3.0
Тврдината на тројцата мудреци (Fortaleza dos Reis Magos)
Dante Laurini Jr
CC-BY-SA 4.0
Лифтот Ласерда во градот Салвадор
Ciromado
CC-BY-SA 4.0
Глетка од црквата на плоштадот Сао Франциско во градот Сао Кристовао
Berenice Kauffmann Abud
CC-BY-SA 4.0
Мостот Октавио Фријас де Оливеира ноќе
Marcos Leal
CC-BY-SA 3.0
Кармелитската црква во Олинда
Matti Blume
CC-BY-SA 4.0
Музејот на духовна уметност во Саун Пауло
The Photographer
CC-BY-SA 3.0
Англискиот мост во градот Форталеза, Сеара
Claudeney Neves
CC-BY-SA 4.0
Галерија
На 13 октомври 2017 година, по повод годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Бразил, како резултат на соработката помеѓу Споделено Знаење и Вики Образование од Бразил, свечено била отворена изложбата на фотографии насловена „Бразил низ фотографии - пред очите на македонската јавност“. Пред нешто повеќе од четириесетина присутни биле одржани кратки воведни говори за значењето на Википедија, соработката помеѓу Викимедија Македонија и Викимедија Бразил и претставувањето на геополитичката анализа за развојот на односите и соработката помеѓу Македонија и Бразил, по што присутните имаа можност да ги погледнат 20 слики од природата и градбите во Бразил. На 14 октомври 2017 година бил одржан и уредувачки маратон на тема „Бразил“.
Од свеченото отворање на изложбата
Од свеченото отворање на изложбата
Од свеченото отворање на изложбата
Од свеченото отворање на изложбата
Од свеченото отворање на изложбата
Од свеченото отворање на изложбата
Од свеченото отворање на изложбата
Од свеченото отворање на изложбата
Од свеченото отворање на изложбата
Уредувачки потфати
Уредувачки викенд
Во периодот од 7-8 октомври 2017 година е одржан уредувачки викенд на тема „Бразил“. Во табелата во продолжение е направен преглед на учесниците во потфатот и нивните придонеси.
На 14 октомври 2017 година е одржан уредувачки маратон на тема „Бразил“ во просториите на изложбениот салон Јавна соба во Скопје со почеток од 10:00 часот.