Грав Тропеиро![]() Грав тропеиро — традиционален специјалитет во бразилските сојузни држави Саун Пауло, Минас Жераис и Гојас. Овој специјалитет се состои од грав измешан со маниока, бисквити, колбаси, јајца, лук, кромид и зачини. Потекло на поимотИмето на специјалитетот потекнува од трговските активности во 17 век, кои имале за цел интегрирање на населбите главно во југоисточниот и среднозападниот дел на Бразил.[1] Во тој период, превезувањето на различни видови стока било вршено со помош на коњи и магариња, а чуварите на овие животни биле познати под поимот „тропеироси“.[2] ИсторијаТропеиросите воделе животни низ сојузната држава Минас Жераис сè до средината на 20 век.[3] Нивната исхрана главно вклучувала сланина, грав, брашно, црн пипер, кафе, пченкарно брашно и коате (оцет со кисело овошје). Во пристанишните делови, тие се хранеле со грав со парчиња месо и сланина, кој обични бил без сос и бил послужуван со фарофи и сецкана зелка. Вака приготвениот грав станал основен специјалитет на менито на овие луѓе, па оттаму и потеклото на гравчето Тропеиро. Од друга страна, пиењето алкохолни пијалаци било дозволено само во посебни прилики. Така на пример, во студените денови обично се пиел алкохолниот пијалак кашаса заради избегнување на запек, а особено бил користен и како лек за убоди од инсекти.[1] Културно наследствоИако специјалитетот не е широко познат меѓу населението, истиот е предложен да стане дел од нематеријалното наследство на Националниот институт за историско и уметничко наследство, како и дел од светското културно наследство на УНЕСКО. За таа цел, планирано е создавање на основа на податоци со информации за влијанието на гравчето Тропеиро, којашто треба да биде сместена во Музејот на ТропеироЗа во округот Ипоема во сојузната држава Минас Жераис.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia