Виктор Ефремовски
Виктор Ефремовски (роден на 21 октомври 1998 во Гостивар) — македонски кошаркар кој настапува за кошаркарскиот клуб Гостивар. Клупска кариераМладинска кариераИма настапувано во младинските категории на Вардар. Во сезоната 2013/14 настапувал во дресот на Вардар Апаве бидејќи младинските категории на Апаве и Вардар се фузирале.[1] Следната сезона продолжил во самостојните младински категории на Вардар.[2] Професионална кариераВо сезоната 2015/16, Ефремовски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015.[3] Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017.[4] Во Работнички, Ефремовски продолжил да настапува и во сезоната 2017/18.[5] Во таа сезона, Ефремовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. Со Работнички, Ефремовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Бидејќи бил под активен договор, Ефремовски бил во составот на Работнички во сезоната 2019/20.[6] Тој останал да биде играч на Работнички и во сезоната 2020/21.[7] Репрезентативна кариераМладинска репрезентацијаНа Европското првенство под 16 години - Б Дивизија во 2014 година, Ефремовски бил вклучен во македонската репрезентација под 16 години. Неговиот просек по натпревар бил 16 бода, 3,3 скокови и 1,4 асистенции.[8] На Европското првенство под 18 години - Б Дивизија во 2015 година, Виктор учествувал со македонската репрезентација под 18 години. Неговиот просек бил 6,9 бода, 1,8 скокови и 0,5 асистенции.[8] 2016 година, играл на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија со репрезентацијата под 20 години. Просек имал од 10,6 бода, 2,1 скокови и 1,1 асистенции.[8] Истата година, Бојан настапил на Европското првенство под 18 години - Б Дивизија. Тогаш тој имал просек од 9 бода, 2,6 скокови, 1,3 асистенции.[8] А репрезентацијаВо јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Ефремовски.[9] Во февруари, по вториот филтер, тој отпаднал од составот.[10] Но поради повредата на Ненад Димитријевиќ кој се повредил на првиот натпревар против Естонија, Ефремовски добил можност да настапува за репрезентацијата во натпреварот против Русија.[11] Успеси
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia