КК Гостивар
КК Гостивар ― кошаркарски клуб од Гостивар, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот е освојувач на Првата македонска кошаркарска лига, како и двократен освојувач на Купот и Суперкупот на Македонија. ИсторијаСпоред спортските хроничари, првите службени натпревари во Гостивар, биле играни во почетокот на 50-тите години на минатиот век, на некогашното игралиште на ДТВ „Партизан“, на земјената подлога, во средиштето на градот, а денес просторот е користен за паркинг. Екипата го носела името „Трговски“. Во 1954 година го регистрирале клубот и го промениле името во КК „Маврово“, а „Електро-Маврово“ од Гостивар бил долги години спонзор. Трипати клубот бил освојувач на титулата Републички првак и тоа во 1965, 1967 и 1968 година. Во последните три децении на минатиот век Гостивар бил втор кошаркарски град во Македонија, после Скопје. Екипата на Маврово неколку сезони успешно се натпреварувала во Втората кошаркарска лига на поранешната заедничка држава, СФРЈ. Во повеќе наврати екипата се обидува да стане член и на Првата лига, меѓутоа недостасувал последниот решавачки чекор за постигнување на целта.[1][2] По независностаВо Македонската кошаркарска лига се водела изедначена борба за првото место на табелата меѓу Маврово односно Никол Ферт и Работнички од Скопје. Тие биле најквалитетни и најтрофејни екипи во Македонија, во освојувањето на Купот на Македонија и на републичкото Првенство.[2] КК Гостивар бил домаќин на Купот на Македонија 1994.[1] Никол Ферт во Купот на Македонија 1999 бил вицепрвак, губејќи од МЗТ Аеродром. Следната сезона бил првак во Првенството и го освоил Суперкупот на Македонија 2000 победувајќи го МЗТ Аеродром. Никол Ферт го освоил Купот на Македонија 2001, кога го победил Работнички. Исто така, од Николферт бил освоен и Купот на Македонија 2002 и Суперкупот на Македонија 2002. Во тој период Николферт го срушил рекордот за најмлад играч во Првата лига, внесувајќи го тогаш девет годишниот Никола Гајдаџиев.[3] Во 2004 година му било дадено старо-ново име на клубот - Маврово.[4][5] За време на сезоната 2007/08, Маврово за време на полусезоната поради финансиски причини бил исфрлен од Првата лига и за следната сезона требал да се натпреварува во Втората лига.[6] Повторно поради финансиски проблеми, Маврово го откажал учеството и во Втората лига и се распаднал.[7] Клубот во 2009 година бил обновен под името Гостивар 2009 и настапувал две сезони и потоа повторно се распаднал. Повторна обноваКлубот бил обновен во 2015 година поради тоа требал за започне да се натпреварува во Третата лига.[8] Но по пат на договор Т-Баскет подоцна му го предал неговото учество во Втората лига.[2][9][10] Со освојувањето на првото место во Втората лига 2016/17, Гостивар добил право да учествува во Првата лига. Историја на клупското имеВо својата историја екипата на Маврово повеќепати го менувала името, поради смена на спонзорите: Готекс, Вардар Комерц, Никол ферт, повторно Маврово сè до 2008 година и Гостивар 2009 по обновувањето.[2]
Моментален состав 2023/24Извор:Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 26 октомври 2020 г. eurobasket.com
Постигнувања
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia