Вила Тина (Гевгелија)
Вила Тина — стара станбена зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.[1] МестоположбаВилата се наоѓа на главната улица на Гевгелија близу железничката станица.[1] ИсторијаОбјектот е подигнат помеѓу Првата и Втората светска војна, најверојатно во 1924 година. Проектот бил на архитектот Борис Дутов од Белград, кој бил автор на повеќе објекти во Скопје од тој период.[1] Објектот е во приватна сопственост. АрхитектураВилата се разликува од она што како негово дело е изведено во Скопје. Овој тип на градба е со сутеренско приземје и кат. Објектот бил предвиден како градска вила со дворна површина во предниот дел. Челната фасада е решена на тој начин што особено е нагласен катот, со оглед на тоа што приземјето е сутеренско, на кој од десната страна има пространа тераса до која водат ѕидани скали. Галерија
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia