Вилкинсов Проток
![]() Вилкинсов Проток (англиски: Wilkins Sound) — проток на Антарктикот, претежно зафатен од ледена плоча. Се наоѓа на југозападната страна на Антарктичкиот Полуостров, помеѓу вдлабнатиот западен брег на Александровиот Остров и бреговите на островите Шарко и Латади поназапад. Вилкинсова Ледена Плоча е квадратна ледена плоча со димензии од 150 × 110 км. This feature occupies the central part of Вилкинсовиот Проток, по кој а наречен. Името е дадено по предлог на британскиот антарктички комитет (UK-APC) во 1971 г. ИсторијаСеверниот дел на протокот е првпат забележан и грубо картиран во 1910 г. од Француската антарктичка експедиција под водство на Жан-Батист Шарко и набљудуван од воздух во 1929 г. од австралискиот истражувач Хјуберт Вилкинс. Поставеноста и обликот на протокот се утврдени во 1940 г. на истражувачките летови на Антарктичката служба на САД. Службата го нарекла по Хјуберт Вилкинс, кој во 1929 г. прв докажал дека дотогашната „Шаркоова Земја“ е остров, и така посредно го открил протокот. Постоењето на островот Латади од јужната страна на протокот е утврдено во 1960 г. од британскиот земјомер Д.Џ.Х. Серл со внимателно разгледување на воздушните снимки направени од Ронеовата антарктичка истражувачка експедиција во 1947-48 г. На 5 април 2009 г. дошло до раскршување на тенкиот леден мост од антарктичкиот брег до Вилкинсовата Ледена Плоча, и научниците сметаат дека ова може да доведе до уривање на целата плоча. Според некои известувања, плочата се раскршила на стотици мали санти. Британскиот научник Дејвид Вон смета дека ова се должи на глобалното затоплување.[1] ПоврзаноИзвори
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia