Вилма Трајковска е поранешна Прва Дама на Македонија, сопруга на починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и активист во невладиниот сектор.
Животопис
Вилма Трајковска е родена во Колешино, Струмичко. Средното образование го завршила во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје. Таа е поранешна Прва дама на Република Македонија и сопруга на починатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Работела во Дирекцијата за издавачки работи во НБРМ, каде ја вршела функцијата директор сè додека Дирекцијата не била укината[1]. Таа е и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во Република Македонија во 2001 год[2]. Со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството, Трајковска активно учествува на бројни форуми и конференции во Република Македонија и во странство. Била и покровител на Меѓународната конференција „Жените во 21-от век“ одржана во 2002 година во Охрид. Трајковска е основач на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“. Мајка е на две деца.
Наводи