Вилхелм (војвода на Австрија)
Вилхелм (германски: Wilhelm der Ehrgeizige; der Freundliche; der Artige, роден околу 1370 во Виена — починал на 15 јули 1406 во Виена[1]) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија, војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска гроф од Тирол во периодот од 1386 до 1406 година. Рани годиниВилхелм бил син на војводата Леополд III и Виридис Висконти. Во 1386 година неговиот татко бил убиен во Битката кај Семпах. Нивниот чичко Албрехт III ги управувал териториите на нивниот татко бидејќи Вилхем, заедно со неговите браќа Леополд, Ернест и Фридрих биле малолетни. УправувањеПо конфликтот и по склучувањето на договор во Холенбург со неговиот братучед Албрехт IV, Вилхем од 1396 година станал војвода на Внатрешна Австрија (Штаерска, Корушка, Крањска), со седиште во Грац. Од 1404 година Вилхелм станал регент на малолетниот внук Албрехт V во Виена. По две години тој починал без директни наследници. Војводата Вилхелм бил погребан во гробница во катедралата Св. Стефан во Виена. СемејствоВилхелм во 1404 година се оженил за Јована II Неаполска, и немале деца. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia