Леополд IV (војвода на Австрија)
Леополд IV (германски: Leopold IV der Dicke, роден околу 1371 во Виена - починал на 3 јули 1411 во Виена[1]) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија (1386—1411), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска (1386—1396), гроф од Тирол (1386—1406). Рани годиниЛеополд IV бил син на војводата Леополд III и Виридис Висконти. Во 1386 година неговиот татко бил убиен во Битката кај Семпах. Нивниот чичко Албрехт III[2] ги управувал териториите на нивниот татко бидејќи Леополд, заедно со неговите браќа Вилхелм, Ернест и Фридрих биле малолетни. УправувањеПо конфликтот и по склучувањето на договор во Холенбург со неговиот братучед Албрехт IV, Леополд од 1396 година станал војвода на Горна Австрија (Тирол и Предна Австрија). По смртта на неговиот брат Вилхелм тој од 1406 до 1411 година бил регент во Виена на неговиот малолетен внук Албрехт V во Виена, идниот римско-германски крал. СемејствоЛеополд во 1393 година се оженил за Катарина Бургундска, ќерка на војводата Филип Храбриот од Бургундија и неговата сопруга грофицата Маргарета. Тие немале деца. Негов наследник во Тирол станал брат му Фридрих. Неговата вдовица во 1414 година се оженила за Максимилијан Смасман фон Раполтштајн. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia