Вилхелм I (Германија)
Вилхелм I (германски: Wilhelm I; 22 март 1797 — 9 март 1888) — цар на Германија и крал на Прусија. Владеел со Прусија од 1861 до 1888 година. ПотеклоВилхелм се родил како втор син на прускиот крал Фридрих Вилхелм III и неговата жена Луиза од Мекленбург-Штрелиц. Како втор син во семејството на него се сметало дека треба да го наследи престолот иако имал помало образование од неговиот постар брат. Од 1814 година служел во пруската армија каде што се покажал како доста добар војник. Под водство на маршалот Гебхарт Леберехт фон Блихер војувал во битките кај Лињ и Ватерло против Наполеон Бонапарт. По службата работел како дипломат во преговорите во 1815 година. Во 1840 година кога починал неговиот татко, крал станал неговиот постар брат Вилхелм IV а Вилхелм се здобил со титулата крунски принц поради тоа што Вилхелм Фридрих IV немал потомци. За време на револуцијата во 1848 година Вилхелм успешно го задушил востанието кое било против владеењето на неговиот брат. Поради тоа тој бил често нарекуван „Картетшенпринц“, што во превод значи „принц-четка“. ТитулиВилхелм I ги имал титулите:
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia