Винсонов Масив
Винсонов Масив (англиски: Vinson Massif) — највисока планина на Антарктикот со висина од 4.892 м. Сместена е во венецот Сентинел во состав на поголемиот венец Елсворт над Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча при основата на Антарктичкиот Полуостров. Масивот се наоѓа на 1.200 км од Јужниот Пол, долг е околу 21 км и има ширина од 13 км.[4] Името го добил во 2006 г. во чест на американскиот конгресмен Карл Винсон (1883-1981)[5] Масивот е забележан во 1958 г. и првпат освоен во 1966 г. До февруари 2010 г. планината се обиделе да ја искачат вкупно 1.400 планинари.[6] ГеографијаМасивот се протега од седлото Гуџ и ледникот Бренском на северозапад, ледниците Нимиц и Гилдеја на југозапад и југ и ледникот Дејтер со неговиот придружник Хинкли на исток. Југоисточниот дел завршува во седлото Хамер кое го поврзува со масивот Крадок, чија највисока точка е планината Ратфорд (4.477 м). Винсоновиот Масив е составен од високата Винсоновата Висорамнина во средишниот дел со некои врвови до 4.700 м и неколку странични сртови кон југозапад или североисток од висорамнината. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia