Виолина
Виолина[1][2], цигулка[3][4], ќемане[5][6] или кемане[7][8] — гудачки инструмент кој има четири жици, кои се штимаат во интервал на чиста квинта. Жиците, почнувајќи од најдлабоката, се штимаат во висина на следните тонови: ге (g), де1 (d1), а1 (а1), е2 (е2). Виолината е најмалиот инструмент во семејството на гудачки (жичени) инструменти, каде уште спаѓаат и виолата, виолончелото и контрабасот. Делови на виолинатаВиолината се состои од два главни дела: гудало (лак) и виолина.[9] Гудало (лак) - должината на гудалото изнесува 74 сантиметри, а тежината варира помеѓу 55 и 65 грама (обично е околу 60 грама). Главните негови делови се:
Виолина - виолината се состои од кутија (резонатор), која го засилува звукот на жиците. Нејзиниот горен дел е од смреково дрво, со исечени отвори во форма на латиничната буква ф, и затоа се викаат f-отвори. Долната страна - дното е направена од јаворово дрво. Страниците на кутијата се составени од шест штички, на чии состави со горната и долната страница, од внатрешната страна, се поставени клинови. Кутијата продолжува со заоблен врат. Помеѓу вратот и главата се наоѓа праг, штичка од тврдо дрво(абонос). Во главата се всадени четири чивии, а главата завршува со полжав. На кутијата се наоѓа мовче (кобилица) - тенка дрвена штичка, чија функција е да го пренесува треперењето на жиците врз кутијата, а нејзината заобленост на горната страна овозможува свирење на секоја жица посебно. На долниот крај на кутијата жиците се прицврстени со т.н. кордар. Кордарот со еден јазол што поминува преку долниот праг е прицврстен за едно копче. ![]() Виолината како тема во уметноста и во популарната култураВиолината се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:
Надворешни врскиИзвори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia