Виолински клуч![]() На почетокот на линиски систем се наоѓа музички знак што служи за точно именување на нотите. Се нарекува клуч (француски и англиски clef).[1][2] Името на клучот и неговото место на линијата во линискиот систем му го дава истото име и на нотата која се наоѓа на таа линија. Името на клучот зависи од:
Виолински или G-клуч![]() Виолински клуч или G-клуч (италијански: chiave di violino, англиски: treble clef; француски: clé de sol, германски: Violinschlüssel)[1] се бележи од втората линија и на нотата му го дава името g¹ (сол во првата октава). Се користи за бележење високи тонови. Од сите клучеви, виолинскиот клуч денес најмногу се употребува. Го користат следните музички инструменти: виолина; флејта, обоа, кларинет, саксофон, хармоника, труба, вибрафон, ксилофон, мандолина, блок-флејта, гитара; десната рака на клавир и харфа; дел од ударни инструменти. Виолинскиот клуч се користи и за вокалните гласови: сопран, мецосопран, алт, контраалт и тенор. Тенорот звучи за октава пониско од напишаното, а често се пишува со употреба на октав клуч.
Пишување ноти по G-клучВиолинскиот клуч служи за бележење ноти во обем од, на пример, е (ми во малата октава) до негде а³ (ла во третата октава) и погоре. Долниот нотен пример прикажува забележени тонови во виолински клуч во опсег од а (ла во малата октава) до c³ (до во третата октава): Кои клучеви се употребуваат денесДенес се користат три видови клучеви. Нивните имиња се: Еве како изгледаат:
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia